РПЦ: Мерките за семејното насилство се „опасност за семејствата во Русија“

Date:

Share post:

На крајот на јуни се дозна дека Кремљ ѝ ветил на Руската православна црква дека сѐ уште нема да го донесе Законот за семејно насилство. Темата за семејно насилство сѐ повеќе се дискутира во јавниот простор, бидејќи насилството во општеството се зголемува и властите препознаваат дека мажите кои се враќаат од фронтот не се прилагодуваат добро на мирниот живот.

Законодавците постојано разговараат за прашањето за борба против семејното насилство, но според извори на опозициското издание „Верстка“ во парламентот, во Руската православна црква и во Кремљ, донесена е одлука да не се усвои Законот за семејно насилство, барем „до крајот на специјалната воена операција“.

Иако на оваа тема е дозволено јавно да се зборува, сепак има јавна тензија. Властите веќе во 2023 година им ветија на црковните претставници дека нема да се усвои Законот за семејно насилство, вели соговорник на изданието близок до претседателската администрација.

„Ситуацијата е следна: поставено е конечно вето [на таквите иницијативи], мислам дека барем до крајот на „специјалната операција“.

Според изворот, преговорите за ова прашање се водат меѓу „првите лица“ на државата и патријархот, а договорот е „неопределен“. РПЦ се противи на ваквите нацрт-закони бидејќи „едно е да се зборува за оваа тема [јавно], а друго е да се даде закон на феминистичките и прозападните сили што можат да го вртат како што сакаат“, тврди соговорникот.

Тој објаснува дека би можеле да настанат преседани доколку се донесе таков Закон кои ќе ги „поткопаат темелите на традиционалното семејство“.

Многумина сега ја гледаат како грешка декриминализацијата на семејното насилство во 2016 година. Во следните години, законодавците постојано се враќаа на темата за борба против семејното насилство, но сите иницијативи, без разлика на нивната форма, наидоа на отпор од Руската православна црква. Така, во 2019 година, група парламентарци ја претставија својата верзија на иницијативата. Во неа се наведува „поддршка за зачувување на семејството“ како главен принцип на превенција, како и „доброволно примање помош од лица подложени на семејно насилство“. Тогаш предлог-законот беше блокиран од РПЦ бидејќи, според извор од Дума, бил „премногу радикален“.

Темата за семејно насилство повторно се појави во 2021 година, кога Валентина Матвиенко, претседавач на Советот на Руската Федерација, почна да зборува за изработка на специјализиран закон. Сепак, нацрт-законот никогаш не беше подготвен. За сето ова време, ставот на РПЦ по ова прашање не е променет. Тоа го потврдува и фактот што нејзините претставници активно се противат не само на Законот за семејно насилство, туку и на какви било програми на оваа тема. Еден од најактивните конзервативни говорници на РПЦ – претседател на патријаршиската комисија за семејни прашања, заштита на мајчинството и детството, свештеникот Фјодор Лукјанов пред еден месец рече дека мерките против семејното насилство се „опасност за семејствата во Русија“:

„Би сакал уште еднаш да ја истакнам опасноста што се појави за семејствата во Русија, вклучително и преку таканаречената иницијатива претставена како некаква федерална програма за борба против семејното насилство. Ова е четириесет и осми обид да се популаризира овој сомнителен меѓународен документ, кој всушност денес се спушта одозгора од меѓународните организации, од земјите на колективниот Запад“.

Според Николај Митрохин, историчар и истражувач на Руската православна црква, нејзината негативна реакција се должи и на фактот што често има насилство во самите свештенички семејства, а тоа се смета за нормално и во оваа смисла „традиционално“.

„Можеби [Црквата] сфаќа дека ако има построга контрола, не само поединечни свештеници ќе одат во затвор, туку најмалку десетици. Не зборувам за парохијаните“, рече тој.

Активистката за човекови права Ана Ривина гледа поврзаност помеѓу прогласувањето на насилството од војната како крајна вредност и порастот на семејното насилство:

„Војната е квинтесенција на насилството; газењето на сите права во државата е системско насилство. Насилството и угнетувањето сега се главниот механизам на руската државност. Насилство врз секој што не се согласува. Семејното насилство се применува на истиот принцип: да се казнуваат оние што не ги почитуваат“.

/DVERI.BG

2 COMMENTS

  1. Ана Ривина е активист кој е препознат како странски агент од страна на Руската Федерација, значи нејзините проекти се инспирирани и финансирани од западни нео-либерални извори и рефлектираат една прилично површна методологија за справување со насилството, нешто кое не е многу функционално за рускиот менталитет. Црквата пак, со сета свест за суштината на Животот, не може да си дозволи таква површност и комерцијален пристап кон овие теми. А Ривина, очекувано, не го сфаќа јазикот на Црквата, колку и да е транспарентен. Сите молитви, сите духовни поуки на Црквата, самата Нејзина Глава, Нејзиниот Ум, Извор на благодатен Живот итн. се´ што сведочи и открива, сите Нејзини подвизи, тежнеења, духовните процеси за очистување на срцето од страстите заради кои воспоставува бројни конкретни, плодоносни духовни работилници итн. се побудени од љубов, извршувани со љубов, насочени кон растење во љубовта, нема ни потреба да се спомнува ненасилството… и нема нешто што се случува внатре во Црквата а да ја нема за почеток, непрестајност и крај љубовта како единствено битен животен императив. Е сега како една активистка за родово сензитивни прашања не го разбрала јазикот на Црквата а наводно има слух и разбирање за разни категории на луѓе од аспект на тие прашања – е сосема друга тема. Има прашања за кои добро осмислените општествени закони можат да понудат конкретни суштествени решенија, и тие се најчесто во сферата на економските права и слободи. Но љубовта и нељубовта во сите нивни нијанси уште никој не успеал да ги регулира со закон. Ако Црквата, најнапред домашната Црква, па потоа училиштата и останатите клетки на општеството не успеат да го израснат едно дете во љубовна, ненасилна, духовно здрава, самосвесна и самоисполнета личност, која знае да се бори и со своите страсти и со демоните, подоцна пеналите и рестрикциите од заедницата веќе само јавуваат дека е прилично доцна, дека се случило некое големо промашување, кое ниеден активизам не може да го поправи. Руските современи девојки и жени генерално се далеку од неразбудени, неупатени мазохистки, а традиционално руската девојка и жена има далеку повисока позиција во љубовните и во брачните односи од македонската. Во руската култура и во минатото и денес жената не е незаштитена или неосвестена, нееманципирана, ниту е некаков предмет на омаловажување. Така што не знам за што расправаме овде. Би сакала да го имавме барем нивното просечно рамниште на емоционална интелигенција наместо да се самозамајуваме со напразни критики од вамуи таму.

  2. Imam vpecatok tie sto gi donesuvaat zakonite vo opstestvoto ,ne se grizat semejstvoto da opstane, se razviva, osven nivnoto sopstveno semejstvo koe se razbira e elita i ima moznost da opstane, ,finansiski i duhovno, do vnuci i pravnuci.Semejno nasilstvo e pojava ,otsekogas , vo sovremeni opstestva pocna da se regulira so zakon, konkretno, so pruzanje selter za zeni i deca , naodanje rabota , smestaj na nepoznata lokacija i psiholoska pomos zarai traumata.Vo ovaa tolkuvanje da vmesam vojna vo Ukraina i moznost nekoi gradjani na Rusija da ne se vo soglasnost so politikata z vojna ke treba da vmesam i gradjani od drug zemji koi ne bea vo soglasnost so politikata na Amerika da go osvojuva svetot, Balkanot Istokot, i bi bilo pretenciozno da kazam deka vazi samo za gradjani na Rusija.Demek se frustrirani i se praznat na svoite soprugi i deca.Sepak treba da postoi nacin covek da go socuva fizickiot prvenstveno integritet ,za emocionalni traaumi niz godini moze da pretpostavite vo tie semejstva.Toa se resava so zakon za semejno nasilstvo.Ili inervencija na policija.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...