Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот на Романија, изрази срдечна благодарност до државните власти, до верните кои материјално и духовно го поддржаа овој проект, и особено до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, за неговото присуство.
Патријархот Даниел нагласи дека присуството на Патријархот Вартоломеј I – како и на големиот број други владици – во овие моменти „претставува силно сведоштво за единството во Православието и за постојаната поддршка на Вселенската Патријаршија за административната слобода и достоинство на помесните Цркви“.
Во говорот се истакна и тоа дека канонизацијата во 2025 година на четворицата романски преподобни отци: св. Дионисиј од Ватопед (Колцију), и св. Петрониј, св. Нифон и св. Нектариј Протопсалти од Продром – кои беа внесени во синксарионот на Црквата од страна на Вселенската Патријаршија – претставува конкретен пример за соработка и литургиско единство помеѓу сестринските православни Цркви.
Патријархот Даниел изрази благодарност и до сите добротвори, дарители, до владините и локалните органи кои придонесоа во изградбата и завршувањето на Катедралата, како и до монашките заедници што сведочат за животот и чудата на светителите, заедно со желбата да се завршат и преостанатите делови – капелата и мултифункционалните простории во подземните простори на Катедралата.

