Романскиот неврохирург Јустинијан Симион верува дека Бог е присутен во операционата сала, велејќи дека бил сведок на моменти кои не можат да се објаснат само со науката

Date:

Share post:

Во интервју за списанието Q Magazine, д-р Симион рече дека доживеал неколку медицински необјасниви случаи, кои ги припишува на божествена интервенција.

-Не можам да измерaм колку е човечка, а колку е божествена силата во една неврохируршка операција. Но сигурно знам дека без Бога човекот не може да постигне ништо. Илузија е да се мисли спротивното, вели тој.

-Доживеав научно необјасниви моменти кај одредени медицински случаи на кои сум оперирал. Не мора човек нужно да сака да види божествено дело во тоа, но сè зависи од совеста на секој од нас, додаде докторот.

Лекарите како дел од едно поголемо дело

Д-р Симион истакна дека лекарите се само дел од едно поголемо дело на исцелување и дека би било нерационално тие целосно да си припишуваат заслуги за успехот на сложените операции.

-Мораме да останеме свесни и разумни кога се работи за тоа да си припишеме заслуги за тешки операции. Постои многу тенка линија по која чекорат хирурзите — меѓу тоа да останат смирени и тоа да се самообожуваат. На крајот, тоа е во човечката природа — но не сè што ќе постигнеме навистина ни припаѓа нам, потенцира тој.

Лекарите се само алатки во едно многу поголемо дело — исцелувањето на другите. Колку повеќе се изострени и усовршени тие алатки, толку е поголема шансата за вистинско исцелување, нагласи д-р Симион.

Византиска музика: здив на кислород за душата

Освен својата медицинска пракса, д-р Симион е и љубител на православната литургиска музика. Во 2011 година ја основал византиската певница „Анастасиос“ во градот Таргу Муреш, која оттогаш пораснала и ги обединува членови од различни професионални средини.

-И денес го имаме овој хор, кој го организирам и го диригирам заедно со мојот брат, д-р Теодор Симион, кој е стоматолог, рече тој. „Пееме секоја недела на Божествената литургија. Повеќето членови се лекари, но има и архитекти, инженери, ИТ-специјалисти и други.“

-За мене тоа е здив на воздух што ми е потребен по долги денови исполнети со стрес и концентрација — ми дава мир и сила за уште една недела исполнета со операции, предизвици и искушенија, заклучи неврохирургот.

/Ортодокс Тајмс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...