РОЈТЕРС: Бугарската и македонската православна црква се доближуваат и покрај трнливата историја

Date:

Share post:

Бугарската православна црква направи чекор кон евентуално признавање на Македонската православна црква, што претставува како одек на затоплување на односите меѓу владите на двата балкански соседи, пишува „Ројтерс“ за одлуката на БПЦ-БП да прифати да биде промотор на идејата за признавање на МПЦ-ОА во Православниот свет.

Сепак, „Ројтерс“ предупредува дека овој потег најверојатно нема да биде поздравен од други православни цркви, пред се на Србија и Грција, во регион каде што верскиот идентитет честопати е тесно поврзан со националистичките страсти и политиката.

„Ројтерс“ потсетува на историјата на прашањето за  Македонската православна црква и одлуката на СПЦ да не признава посебност на оваа црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img