Почетна Вести Свет Нема веќе селфи во Мека и во Медина
Нема веќе селфи во Мека и во Медина

Нема веќе селфи во Мека и во Медина

198
0

На посетителите и на аџиите во Големата џамија во Мека и во Џамијата на пророкот во Медина ќе им биде забрането да се фотографираат и да снимаат видеа на овие две свети места.

Властите на Саудиска Арабија одлучиле да не дозволуваат селфи-фотографии на светите места во исламот, како би спречиле непотребно вознемирување на оние што таму сакаат да престојуваат во мир и без никакво одвлекување на вниманието.

Обезбедувањето и претходно ги предупредувало посетителите што постојано се фотографирале, а сега, кога фотографирањето и официјално се забранува, на чуварите им било наредено „доколку биде потребно, да конфискуваат фотографии и камери“ од посетителите и од аџиите.

/plusinfo.mk

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *