Религиско образование за младите – но дали им е потребно и на возрасните?

Date:

Share post:

Возрасните се најгласни кога зборуваат за верата – но статистички и духовно, најмалку ја познаваат. Воведувањето на религиско образование во училиштата го отвора прашањето: кој навистина повеќе има потреба од ваков тип на настава – младите или нивните родители?

Воведување на религиско образование во училиштата за младите. Но дали тоа им е потребно и на возрасните?

Во последните месеци, темата за воведување на религиско образование во училиштата повторно стана актуелна во македонската јавност. Дел од општеството ја поздравува иницијативата како добар чекор кон враќање на универзалните духовни вредности, додека, пак, други стравуваат дека со тоа се нарушува секуларноста. Но зад сите овие полемики се крие едно потивко, многу посуштинско прашање: Дали религиското образование им е потребно само на децата, или можеби уште повеќе на возрасните?

Возрасните често говорат за верата, додека младите ја практикуваат Во јавниот простор, ќе ги земеме како пример социјалните мрежи, може лесно да се забележи еден парадокс. Токму оние што најчесто се идентификуваат како „побожен народ“ се истите што, во коментарите под денешните новости за политичките избори или, пак, за свештеници, владици или црковни настани, лесно се впуштаат во осудување, омаловажување и ширење на омраза. Наместо христијанска љубов и смирение, се забележува рефлексија на навики од некои минати времиња, идолопоклонство, суеверие, како и комунистички менталитет, кој сè уште е присутен и во говорот и во односот кон верата.

Спротивно на тоа, младите, дури и оние кои не се особено религиозни, поретко се впуштаат во јавно осудување и верско лицемерие. Тие, со сите свои дилеми и прашања, почесто покажуваат отвореност, почит и желба да разберат, нешто што на многу возрасни очајно им недостасува. Во тоа е и суштината: религиското образование е можност младите да ја разберат верата, а возрасните да почнат да ја учат од сам почеток.

Колку сме навистина религиски едуцирани? Според податоците на Државниот завод за статистика, околу 27% од возрасните во земјата учествуваат во некаков вид на образование или обука. Но, тие податоци речиси и да не вклучуваат религиско образование. Факултетите за теологија и религиозни студии примаат ограничен број студенти годишно, а најголемиот дел од возрасните кои имаат интерес за етичките системи кои произлегуваат од религиите, ги изучуваат неформално – преку читање духовна литература или разговори со свештени лица. Сето тоа покажува дека религиозната писменост кај возрасните останува ограничена, иако духовниот интерес постои. Така, поголемиот дел од населението ги познава религиите површно, преку традиција и обичаи и од по некоја информација која ќе ја прочитаат на социјалните мрежи, без вистинско разбирање на нивната суштина. Ова незнаење најлесно се открива кога се зборува за верата на интернет, каде што духовните теми често се претвораат во политички или идеолошки расправи, конспиративни теории, наместо во сведоштво на љубов и разбирање.

Вера без познавање, опасна самодоверба

Вистинското религиозно знаење не е на хартија – тоа се гледа во говорот, во односот и во љубовта кон другиот. Духовната писменост не подразбира само да се знае колку свеќи се палат за Божиќ и Велигден, кои се главните црковни празници и сл. Тоа значи да се разбере смислата на духовноста – да се љуби и живее. Многу од возрасните се воспитани во општество каде духовното образование било маргинализирано, па денес во обид да се вратат, често запаѓаат во крајности: во осуда, па дури и фанатизам. Така, наместо да обединуваат – религиите стануваат уште едно поле за поделби.

Религиското образование: почеток на духовна зрелост Воведувањето на религиско образование може да се претвори во историска можност – но тоа нема да се случи доколку се имплементира само врз децата. Потребно е вакво образование и за возрасни, преку јавни предавања, медиумски емисии, курсеви и парохиски катихези. Така, родителите би можеле да го разберат сето она што нивните деца го учат во училиште – и еден ден можеби и да почнат да зборуваат со ист јазик и ист дух како младите. Духовната писменост е неопходна за сите Младите не се проблемот – тие се шансата. Ако сакаме општество во кое религиите ќе значат љубов, толеранција и одговорност, тогаш религиското образование не смее да отсуствува од училишните клупи. Но, не смее таму ниту да заврши. Затоа што вистинското религиско образование не е само предмет — тоа е огледало на тоа колку сме подготвени да го живееме она што го проповедаме.

А.Т.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...

Тешка финансиска криза во Православната црква во Чешка: свештениците без плати, без осигурување и пред ризик од губење на црковните права

Православната црква во Чешка се соочува со најтешката финансиска криза во својата поновa историја. Според истражување на чешкиот...

Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман во Ватикан: холивудски ѕвезди на посебна средба со Папата Лав XIV

Холивудските актери Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман присуствувале на специјална средба во Ватикан, организирана за филмските...

Владиката Кирил од Вселенската патријаршија го посети митрополитот Георгиј во Охрид

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј ја имал првата средба со владика на Вселенската патријаршија. Георгиј бил домаќин на Митрополитот на...