Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија одлуката на БПЦ по писмото на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Македонската историја на 20-от век беше крунисана со создавањето на Република Македонија како независна држава. Круната на 21-от век дефинитивно ќе биде канонизирањето на автокефалноста на Македонската православна црква, вели во изјавата за БГНЕС Петар Богојески, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заедничко за двата настани е што Република Бугарија е првата која ги поткрепи, преку признавање на државноста, а сега преку решавањето на конечниот статус на МПЦ – ОА. Крстот кој на себе го зеде БПЦ е благослов од Бога и доказ за неизмерната љубов кон нас христијаните од Македонија. Со оваа одлука на САС на БПЦ се отвара можност, покрај световна и за духовна полнота на Македонците. Нашите предци од денес ќе бидат поспокојни и радосни за исправката на големите историски неправди. Честитка за апостолската храброст на САС на БПЦ и САС на МПЦ, особено на бугарскиот патријарх и македонскиот архиепископ. Неизмерно се радувам што ја имам таа можност да бидам современик на овој настан, на овој ден, ден кој ќе остане запишан со златни букви во македонската и бугарската историја. Бог да не чува и вековито да биде“, изјави Богојески за БГНЕС.

/mkd.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here