Рамазан Бајрам спои три етнички групи во пехчевски Црник

Date:

Share post:

Село Црник е доказ дека три етнички групи, Македонци, Роми и Турци, сложно како еден народ можат да живеат во едно село. Сведоци за тоа се самите жители, кои велат дека во нивното село нема поделби, сите живеат како браќа.

– Живееме добро, сега засега немаме проблеми, живееме како браќа, неразделени. И многу си помагаме, еве на пример за Велигден еден сосед ме викна напомош да му помогнам околу јагнето кое го подготвувал за празникот и нормално веднаш го сторив тоа. За Рамазан првиот гостин ми е тој, вели Алија Едипов, жител на село Црник од муслиманска вероисповед.

Село без поделби меѓу населението како што е село Црник, нема на друго место во Македонија, дециден е Енвер Петров, припадник на ромската заедница во Црник.

-Живеееме во село, кое не верувам дека постои на друго место во Македонија. Само во село Црник во малешевскиот дел сите живееме во братство и единство. Нема поделби од типот, тој бил Македонец, тој бил муслиман или тој бил Ром, значи тоа овде го нема, вели Петров.

Убавиот соживот најдобро се истакнува за време на празници. Сите заедно, како што вели Амет Кампелезов, ги празнуваат празниците на трите етнички групи.

-Нас не спојуваат празниците, заедно славиме сите. Сега е Рамазан Бајрам, имаме гости и Македонци и Роми. Тие доаѓаат кај нас, за нивни празници ние одиме кај нив. Велигден и Бајрам заеднички ги празнуваме, а и не само тоа, секоја една веселба ни е заедничка, истакна Кампелезов.

Населението во село Црник претежно се занимава со земјоделство и сточарство, а најмногубројна етничка група се Ромите

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...