Првата посета на папата Лав XIV укажува на желба да се надминат поделбите меѓу Католичката и Православната црква

Date:

Share post:

Папата Лав XIV на крајот од ноември ќе отпатува за Истанбул, а потоа и во Либан, во рамките на неговото прво меѓународно патување од неговиот избор во мај. Во периодот од 27 ноември до 2 декември тој ќе посети осум градови, ќе се сретне со политички и верски лидери и ќе предводи богослужби за локалните католици и за паломниците.

Еден од најзначајните моменти на посетата ќе биде заедничката церемонија со Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, духовен лидер на голем дел од православиот свет. Тие заедно ќе го посетат Изник (Никеја), местото каде пред 1.700 години се одржал Првиот вселенски собор, на кој се утврдени клучните христијански догми, вклучително и Никејскиот Симбол на Верата. Оваа симболична посета се толкува како стремеж кон продлабочување на дијалогот и надминување на долгогодишните разлики меѓу католичката и православната традиција.

Во Турција, каде што православните и католиците често богослужат во исти простори, ваквите гестови ја одразуваат и реалната практика на блиски односи меѓу заедниците.

Либанскиот дел од патувањето уште повеќе ја истакнува грижата на папата за христијаните и другите заедници кои живеат под притисок на хронични конфликти.

Свештеникот Клаудио Монџе нагласува дека Папата „носи порака на мир и разбирање во срцето на регион кој е во долготрајна криза“.

Според истражувачот Самјуел Ноубл, патријархот Вартоломеј одамна е наклонет кон градење мостови со Рим, иако понекогаш тоа предизвикува отпор од поконзервативните кругови во православието. Настанот со Папата Лео XIV се смета за нов чекор во тој насока, можност за ново приближување меѓу двете цркви по долг историски јаз.

/Religion News Service

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Тешка финансиска криза во Православната црква во Чешка: свештениците без плати, без осигурување и пред ризик од губење на црковните права

Православната црква во Чешка се соочува со најтешката финансиска криза во својата поновa историја. Според истражување на чешкиот...

Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман во Ватикан: холивудски ѕвезди на посебна средба со Папата Лав XIV

Холивудските актери Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман присуствувале на специјална средба во Ватикан, организирана за филмските...

Владиката Кирил од Вселенската патријаршија го посети митрополитот Георгиј во Охрид

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј ја имал првата средба со владика на Вселенската патријаршија. Георгиј бил домаќин на Митрополитот на...

Религиско образование за младите – но дали им е потребно и на возрасните?

Возрасните се најгласни кога зборуваат за верата – но статистички и духовно, најмалку ја познаваат. Воведувањето на религиско...