Прва средба на Архиепископот Стефан со директорот на КОВЗРГ Сотировски

Date:

Share post:

Македонската православна црква ги поддржува иницијативите на новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски за унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија.

На правата средба што Сотировски ја имал со Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан биле поздравени иницијативите и заложбите за внесување нов дух во меѓуконфесионалните односи во Македонија, како и поддршката на МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува.

-Покрај срдечните честитки за изборот на новиот директор Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ги истакна своите искрени желби за успешна работа и поддршка за сите идни заложби на новиот директор во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската Православна Црква и сите нејзини верници.  Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски  ја истакна заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа беше истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува, стои во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи во Македнија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...