Приказната за божикната елка

Date:

Share post:

Традицијата на украсување на божикна елка потекнува од француската област Алзас, некаде на границата меѓу Франција и Германија.

Во 17. век тамошните жители први започнале да го користат ова зимзелено дрво во празнувањето на Божик. Според нивното верување, ова вечнозелено, односно вечноживо дрво го симболизирало дрвото на животот, од кое Адам и Ева биле лишени после нивното изгонување на рајот. Но, со Рождеството Христово, како што самата Црква учи, за луѓето повторно се појавила можност за заедница со вечноста, односно повторно јадење од плодовите на дрвото на животот. На почетокот, дрвото се прикачувало обратно, и тоа практично висело од таванот со врвот надолу, на тој начин симболизирајќи ја рајската лествица, односно скала. На Божик, дрвото се поставувало исправено среде собата, и се украсувало со јаболка, колачи и други слатки, за да се симболизира сладоста на рајскиот живот.

elka-5Од друга страна, пак, во Германија постои предание според кое основачот на протестантизмот, Мартин Лутер, една божикна вечер излегол на прошетка во блиската шума, и видел како некоја ѕвезда се симнала на врвот од некоја елка. Оттука, кај протестантите се појавила традиција во навечерието на Божик (Бадник), да се украсува божикна елка, а на нејзиниот врв да се постави ѕвезда.

elka-2Кога на крајот од 17. век рускиот цар Петар I ја посетил Европа, ги забележал божикните елки и многу му се допаднало како тие изгледаат. Штом се вратил во Русија, на прагот од 18. век, издал указ новиот век да се пречека така што во сите руски домови ќе биде украсена една таква елка. Така и било – 1 јануари 1700 година речиси во сите руски домови била присутна и украсена по една елка. Но, ваквата традиција не наишла на прифаќање кај рускиот народ, па сѐ до средината на 19. век елките биле украсувани претежно во домовите на германската емиграција што живеела во Русија.

elka-3
Веќе во 1852 година, кога за првпат била јавно поставена и украсена божикна елка во Санкт Петербург, сите руски домови биле украсени со божикни елки. Дури и дејствието на познатата „Оревокршачка“ на Чајковски е сместено покрај украсеното божикно дрво.

elka-4Во 20. век почнала забраната на обичајот на украсување божикна елка. Најпрво, во 1916 година, среде Првата светска војна, кога на елката се гледало како на германска увезена традиција, и потоа во 1918 година, кога елката била забранета како боржуаска реликвија. На комунистите им било јасно – елката била христијански симбол, и како таква, морало да исчезне од животот на луѓето што живееле во комунистичките земји.

elka-1Сепак, пред почетокот на Втората светска војна, среде Големата економска депресија, руската пропагандна машинерија решава да ја врати божикната елка и да се врати големиот „зимски празник“, но во суштински различна форма: наместо Божик, да се празнува Нова Година, и наместо божикна, да се украсува новогодишна елка. На тој начин, божикната елка и Витлеемската ѕвезда во вид на комунистичка петокрака се враќаат во домовите на милиони православни семејства, и таму го дочекуваат падот на комунизмот во деведесеттите години од минатиот век, кога ќе се врати вистинската смисла на украсувањето на божикната елка, но ќе се возродат и некои други, одамна заборавени традиции, како онаа на Рождественските вертепи (пештери).

/ПРАВОСВАЛИЕ.МК

1 COMMENT

  1. Se e dobro. Dokolku covk od vnatre ne se preobazi na dobro se i da napravi eforma i prazno. Vo denesno vreme covekot se ima samo mir, ljubov, prostevanje, iskrena nasmevka i misla popoleka no sigurno isceznuva.
    Prvo vo semejstvata i taka postopeno vo svetot.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img