Приемот на Руската амбасада, прва дестинација на новиот митрополит

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан и Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф не биле единствените владици на МПЦ-ОА вечерва гости на Руската амбасада за денот на Руската Федерација. Речиси половина Синод бил во делегацијата, а приемот на Руската амбасада како прва дестинација по денешниот избор за Митрополит била и на Георгиј.

Од фотографиите што ги објави амбасадата се гледа дека во делегацијата на МПЦ-ОА се Архиепископот Стефан, митрополитите Петар, Јосиф, Григориј, Георгиј и епископот Климент.

Гостин бил и потпретседателот на Владата, за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Сашко Јанчев, Јована Мојсоска и Драган Недељковиќ. Од останатите дипломатски претставници во земјава присуствувале Амбасадорката на Србија, Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Амбасадорот на Турција, Амбасадорот на Казахстан, Амбасадорот на Кина и  Амбасадорот на Катар

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин ги пречека гостите со јадења од традиционалната руска кујна, подготвени под раководство на готвачката на Амбасадата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...