Пред Курбан Бајрам во Дебар грло овен до 150 евра

Date:

Share post:

Во рамките на подготовките за одбележување на големиот муслимански празник Курбан-бајрам, дел од верниците, кои тоа може да си го дозволат принесуваат курбан.

Поради тоа деновиве најбаран на пазарот е добитокот, односно овните, а поретко и телињата. Поради тоа што во Дебар нема сточен пазар, тие се продаваат на неформален пазар во близина на Новата саат кула џамија.

debar-2– Поради муслиманската традиција за Курбан Бајрам деновиве почнавме со продажба на овни. Во зависност од тежината едно грло го продаваме од 100 до 150 евра. На продажба имаме над илјада овни. Продажата оди добро и сточарите се задоволни, вели Скендер Аме претседател на здруженито на сточари „Даши“.

Курбанот, според верниците, се коли, ден пред празникот за душа на покојните, додека за здравје  на живите првиот ден од празникот, по што местото се распределува на сиромашни семејства.

Традицијата на вековен верски соживот и толеранција, како што потврдуваат верниците, се почитува и при распределбата на месото од курбанот. Тоа значи дека муслиманските верници курбан им даваат и на семсјтва од православната веросиповест.

Празникот Курбан Бајрам е на 12 септември, понеделник и се одбележува четири дена.

Овој празник се нарекува уште и Аџи Бајрам,бидејќи на светите места Мека и Медина, во Саудиска Арабија, верници го реализираат петтиот столб на исламот а тоа е аџилакот.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...