Иницијативниот одбор на оџи од Тетово се собра пред ИВЗ во Скопје од каде побараа од поглаварот на ИВЗ Реисул Шаќир Фетаи и членовите на Ријасетот да ја повлечат одлуката за разрешување на тетовскиот муфтија Ќани Несими. Ирфан Емурлаи од овој одбор, вели дека доколку не добијат одговор за нивното барање, ќе преземат чекори според уставните начела на ИВЗ.
Од ова произлегува дека доколку не добиеме одговор на барањата, продолжите да носите неуставни и незаконски одлуки, непочитувајќи ја волјата на судовите на оваа држава. Не ја почитувате пресудата на судовите на оваа држава! Ќе бидеме принудени да ги радикализираме нашите ставови и да преземеме конкретни радикални чекори, според уставните начела на ИВЗ. А одговорноста ќе ја сносите вие Реисул Улема“, изјави Иефан Емурлаи.
На прашањето за ова, од ИВЗ велат дека Ќани Несими законски не е муфтија на Тетово, кого го сметаат за лице кое ги узурпирало канцелариите на оваа институција, бидејќи секојдневно престојува таму. Според ИВЗ, неговото разрешување е направено поради непријавување и некоординација со повисоките органи за прашањата за денационализација на имотот, што резултирало со загуба на неколку објекти во Арабати и 12.000 м2, како и фонтаната, кои сега се во катастар и станаа сопственост на Тетекс.
„Обидот да се купат старите бараки кои се во сопственост на вакафот на ИВЗ, е обид за злоупотреба на материјалните средства на Муфтиството. Злоупотреба и фалсификување документи е драстично кршење на должноста на муфтијата. Држење на канцелариите на Муфтијата со закани и не дозволувајќи му на др. Селвер Џемаили да ја преземе функцијата В.Д. Муфтија е невиден чин и спротивен на одлуките на Ријасетот на ИВЗ на РСМ. Држењето на канцелариите на муфтијата на Тетово од лица со криминално досие кои лесно можат да предизвикаат екстремистички и радикалистички дејствија со можност за насилство врз имами или акти на терор“, велат од ИВЗ.
ИВЗ го разреши Ќани Несими од должноста муфтија на Тетово во ноември 2023. На 3 јуни 2024 Граѓанскиот суд Скопје донесе привремена одлука Несими да остане муфтија на Тетово.
/ТВ21

