„Посетата на папата е сама по себе историски и значаен настан “

Date:

Share post:

Папа Лав XIV ќе остане запаметен како првиот папа кој пристапил кон заедничко чествување на настан со Вселенска патријаршија и самата одлука за таа посета е „историска и значајна“ за целиот христијански свет, истакнал патријархот Вартоломеј. 

Во изјава дадена по литургијата за празникот на св. Николај, архиепископ од Мира, Вартоломеј истакнал дека претстојната папска посета – со присуство на богослужби, молитви и екуменски средби е можност „да се потврди братството меѓу Црквите“ и да се обнови надежта за заедничка иднина. 

Посетата на Папата беше остварена по покана на Патријархот и беше дел од заедничката прослава на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја, како и на празникот на свети апостол Андреј Првовиканиот. 

Во официјалното соопштение на Патријаршијата се нагласува дека присуството на поглаварот на Римокатоличката црква има за цел „со почит и братска љубов“ да ја потврди важноста на едната вера создавана од вселенските собори, која заедно ја делат Истокот и Западот. 

Овој чекор, недвосмислено означен како „значаен“, е дел од континуираниот дијалог на вера, братство и единство меѓу Црквите, во време на големи историски, геополитички и духовни превирања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img