Порака од Турција до Израел со меч од Света Софија

Date:

Share post:

Директорот за религиозни прашања на Турција пред неколку дена се искачи на амвонот на Света Софија и одржа говор за Газа, држејќи меч, настан за кој турските медиуми коментираа дека тоа е „симбол на застрашување на непријателот и на доверба кон пријателите“. Станува збор за Имам, а во неговиот говор не ги спомнува црквите кои исто така страдаат од војната.

 

Директорот за религиозни прашања на Турција пред неколку дена се искачи на амвонот на Света Софија во Истанбул и одржа говор за Газа, држејќи меч, настан за кој турските медиуми коментираа дека тоа е „симбол на застрашување на непријателот и на доверба кон пријателите“.

Али Ербас, претседател на дирекцијата за религиозни прашања на Турција изјави: „Една од најлошите насилни прогони во човечката историја се случува денес во Палестина, во Газа. Без никаква разлика се убиваат бебиња, деца, жени. Се изведуваат напади со бомби на домови, болници, џамии“.

Реагирајќи на изјавите на владиниот партнер на Ердоган, Бахчели, кој изјави дека „на изгрејсонце ќе одиме во Газа“, турските медиуми исто така наведоа дека „Бахчели сака војна“.

„Како ќе одиме во Газа; Со авиони или со бродови?“ – потоа прашуваат турските медиуми.

Водителот на главните вести на Sozcu TV, Фатих Портокал, изјави: „Ги слушаме зборовите. Девлет Бахчели сака војна. Господине Бахчели, не зборувам иронично. Како ќе одите во Газа? Кажете ми. Оти, самиот тој вели ’прв ќе одам јас!‘ Ни вели ’ако не одам во Газа, тогаш сум нечесен‘. Добро. Како ќе одите во Газа? По пат, воздушно или преку море?

Не сме ние сопственици на тој регион. Пред 150 или 200 години тоа беа наши места, но денес не се и таа војна не е наша војна. И ве прашувам: како ќе одите таму? Со кои средства ќе одите? Кој или кои ќе дојдат со вас? И кои сакаат да одат, нека одат. Да им отвориме пат, да видиме што ќе им се случи. Но се обраќаат кон мајките, кон татковците! Оваа војна не е наша војна“.

 Гневот на Анкара кон Блинкен

„Не дојде во Турција, води погрешна политика, нема перспектива“

Омер Челик, претставник на Партијата за правда и развој изјави: „Тоа што за време на својата турнеја по регионот, американскиот министер за надворешни работи не ја посети Турција, еден таков центар со тежина како Турција, покажува колку е недостаточна политиката што тој ја води и нема никаква перспектива. Неговата турнеја беше многу слаба и полна со грешки“.

Ердоган имаше телефонска комуникација со Путин

Реџеп Тајип Ердоган го обвини Израел за убивања на ниво на геноцид, во комуникација што ја имаше во вторникот со Владимир Путин по повод ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Палестина и хуманитарната криза во Газа.

„Особено од 7 октомври се изведуваат убиства во Газа, а мета се градски населби, места на обожавање, болници и училишта, достигајќи до ниво на геноцид. За жал, меѓународната заедница не може да обезбеди добра мерка спроти беззаконските и безгранични напади на израелската влада против цивили“.

Ердоган, исто така, го напаѓа Западот. „Видовме дека Советот за безбедност на Обединетите Нации, наместо да го запре крвопролевањето, да установи прекин на огнот што е можно поскоро и да преземе мерки за спречување на губитоците на цивили, длабоко ја зголемува кризата со својата еднострана определба. Се разбира, не е можно една структура која го следи целосното казнување на народот на Газа да обезбеди надеж за човечноста и да обезбеди глобален мир и стабилност“, објасни тој.

„Молчењето на западните земји ја ескалираше хуманитарната криза во Газа до неизбежно ниво“ исто така спомна турскиот претседател.

Ердоган, според Дирекцијата за комуникации на Турција, исто така му рече на Путин дека варварството насочено кон палестинските територии се зголемува и загубите на цивили се зголемуваат секоја минута.

Изјави дека Турција ќе продолжи да се обидува да обезбеди мир во регионот.

Извор: skai.gr

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...