Вчера почна големата меѓуправославна научна конференција во Атина, на која присуствуваат речиси сите помесни автокефални и автономни цркви, со исклучок на Московската Патријаршија, Црквата на Чешка и Словачка и МПЦ-ОА.
Конференцијата е посветена на 100 години од постоењето на официјалното црковно-научно списание на ГПЦ, Теологија и ќе трае едена недела.
Официјалното отворање на конференцијата беше синоќа во присуство на пет поглавари на помесните православни цркви и претставници на останатите. Грчките медиуми оваа конференција ја оценуваат како неформален Собор на поглаварите на православните цркви, на која ќе бидат анализирани најновите состојби во православниот свет.
На списокот поглавари во Атина се присутни Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, Александрискиот Патријарх Теодор, Кипарскиот Архиепископ Георги, Атинскиот Архиепископ, Јероним и Албанскиот Архиепископ Анастасиј.
Антиохиската патријаршија е претставена со двајца митрополити, исто и Ерусалимската патријаршија. Свои митрополити имаат делегирано и Српската, Бугарската, Романската, Грузиската, Полската православна црква.
Меѓу учесниците се и поглаварите на Финската и Естонската црква, како и Архиепископот на Крит.





Od koga toa crkveni te poglavari da se naučnici.?. Od koja oblast se tie naučnici koga se religiozni misioneri? . Religija ne e nauka, pa i Crkvata ne e naučna institucija. Za avtorot na ovoj tekst i egen Ehovin svedok ili subotarski propoved nik,, šaman, jezuita, franjevac imam, reis se naučnici.