Подворјето на РПЦ во Софија доби нов шеф, доби ли и МПЦ-ОА нов ментор?

Date:

Share post:

Протојерј Владимир Тишчук, клирик на Виенската и австриска епархија на Московската патријаршија е новиот шеф на руското подворје во Софија. Синодот на РПЦ го назначил на местото на протераниот Архимандрит Васијан Змеев.

Тишчук е свештеник на Руската црква, кој практично целата своја кариера ја гради во одделот за надворешни работи на Руската црква, што ќе се рече повторно црковен дипломат. Пред да биде во Виена, бил секретар на патријаршиските цркви на РПЦ во САД.

Бугарските медиуми споделуваат информација дека Тишчук е син на еден од поранешните шефови на руското црковно подворје во Софија. Аркадиј Тишчук раководел со подворјето во Софија од  1973 до 1975, а подицна испратен во Њујорк.

Сепак она што е важно за Македонија и за МПЦ-ОА е што руската црковна политика на влијание врз МПЦ-ОА не зависи од тоа кој е шеф на подворјето во Софија, туку дирекно од Москва. Што значи Тишчук само ќе продолжи да ја игра истата улога што ја имаше и Васијан Змееев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...