Подадена рака за помош на своите парохијани

Date:

Share post:

Свештеното братство при Црковната Општина „Св. Петар и Павле“ – Ѓ. Петров, ги проширува своите активности за оние на кои најмногу им е потребна помош. Свештеници од оваа црковна општина ги посетуваат нивните домови за укажување на духовна  и материјална помош.

-Целта е сите ние да се доживееме како едно духовно Христово семејство, како негова Црква во рамките на нашата Црковна Општина. Им благодариме на сите оние кои помогнаа и помагаат во собирањето на помошта, а особено овој пат благодарност до „ЕВН – Македонија“.
Доколку, браќа и сестри, и вам ви се допаѓа оваа активност, а и припаѓате на Црковната Општина „Св. Петар и Павле“ – Ѓ. Петров и сакате да се вклучите во истата или да донирате помош тогаш ве покануваме да стапите во контакт со о. Коста, вели Отец Ивица Тодоров.

Инаку црковната општина „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров покрај оваа нова активност, секојдневно се грижи за црковната кујна, во која секојдневно топол оброк имаат над 100 сиромашни граѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...