Почетна Вести Предавање на тема „Еден век од признавање на исламот во Унгарија“
Предавање на тема „Еден век од признавање на исламот во Унгарија“

Предавање на тема „Еден век од признавање на исламот во Унгарија“

105
0

Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“ (УАКС), во присуство на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Иштван Иѓарто, и ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан Бојаџиев, се одржа предавање на темата „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“ по повод отворањето на библиотеката во чест на проф. Гашпар Биро, јавува Anadolu Agency (AA).

На отворањето свое обраќање имаше и поглаварот на исламската верска заедница во РМ, реис ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи. Тој изрази голема благодарност за иницијативата да се одржи предавање на темата: „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“.

Реџепи истакна дека навистина е чест да се присуствува на отворање на библиотека во вакви времиња, како што рече тој, кога книгата и пишаниот збор се со тенденција да го губат заслуженото привилегирано место во општеството.

Тој понатаму во своето обраќање рече дека особено интересот му го привлекува предавањето на темата „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“, и потсети на фактот дека парламентот на Унгарија уште пред 100 години донесе закон со кој исламот го признава како посебна религија во државата.

„Во времето кога сме сведоци на ужасни злосторства, кои неправедно му се припишуваат на исламот и кога како противодговор имаме наплив на исламофобија, мислам дека треба сите да учиме од претходните генерации, вклучително и од членовите на унгарскиот Парламент уште од 1916 година“, истакна тој.

Реџепи порача дека иднината на овој наш убав и заеднички свет може да биде само во взаемното разбирање, во дијалогот и толеранцијата, во запознавањето на културите и цивилизациите, во заедничкиот напор против злото.

Севишниот Бог, кога го создал нашиот свет и животот во него, наредил да живееме во хармонија, нè создал различни за да се запознаеме подобро и да се сакаме“, рече тој.

– Во Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје се отвори библиотека во чест на проф. Гашпар Биро

–На отворањето на библиотеката на УАКС, свое обраќање имаше министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Иштван Иѓарто, кој меѓу другото истакна: „Професор Биро беше многу познат професор и во Унгарија и секако, тој овде во Скопје, на Универзитетот ‘Американ колеџ’ го пренесуваше своето знаење и вештини. За жал, тој почина пред две години, на многу рана возраст, но ние апсолутно го цениме тоа што управата на универзитетот сака да ја именува оваа библиотека во негова чест. Одржувањето на ова наследство има важен придонес во издигнувањето на оваа престижна школа“.

 

По отворањето на библиотеката се обрати ректорот на Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“, проф. д-р Марјан Бојаџиев, кој даде краток осврт на неговото запознавање и работата со проф. Гашпар Биро и неговиот придонес за УАКС, Република Македонија, како и за политичките прашања во светот.

Проф. Гашпар Биро предаваше меѓународно право и политика на Универзитетот „Етвош Лонранд“ од Будимпешта и беше специјален претставник на ООН за Судан. На 19 мај 2010 година, Сенатот на Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“ му ја додели на Гашпар Биро титулата доктор хонорис кауза за неговиот исклучителен придонес во развојот на Универзитетот и за неговите извонредни постигнувања во политичките науки, во унапредувањето на човековите права и во заштитата на малцинствата. Проф. Гашпар Биро беше посветен пријател на Македонија. Неговите колеги, како и дипломатите, високо ги ценат неговите напори во раните фази на меѓународно признавање на Република Македонија, како и неговиот придонес за продлабочување на билатералните односи меѓу Унгарија и Македонија.

/A.A.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *