Почина професорот Белчовски

Date:

Share post:

Почина професорот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, д-р Јован Белчовски. Факултетот објави дека професорот Белчовски со својата посветеност, знаење и љубов кон науката и образованието остави неизбришлив белег на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Роден во малешевското село Русиново, во 1942 година, проф. Белчовски го започна својот животен пат со скромност и трудољубивост. Основното образование го заврши во родното место, а својата љубов кон теологијата ја продлабочи во Петокласната православна богословија во Призрен. Неговата академска потрага продолжи на Филолошкиот факултет во Белград, каде што студираше славистика – руски и полски јазик. По враќањето во Македонија во 1969 година, тој го посвети својот живот на просветните институции на Македонската православна црква.

На Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, професорот Јован Белчовски предаваше Историја на Македонската православна црква и Историја на христијанската црква, внесувајќи длабочина во содржините и инспирација кај генерации студенти. Научно-истражувачката работа на проф. д-р  Јован Белчовски, беше насочена кон средноваковието и кон црковната историја на македонскиот народ. Токму затоа, темите како што се: христијанизацијата, Кирило-Методиевската епоха, дејноста на локалните македонски просветители светите Климент и Наум, како и Седмочислениците, основањето и дејноста на Охридската архиепископија во нејзиното 800-то годишно постоење, континуирано беа предмет на неговите истражувања.

Покрај академската работа, професорот Белчовски беше декан и продекан на нашиот Факултет, придонесувајќи за неговиот развој.

Изразуваме длабоко сочувство кон семејството на професорот Белчовски и се молиме Господ да му подари Царство небесно и вечен спомен. Нека неговото наследство продолжи да живее преку сите оние што ги инспирираше, стои во соопштението на Православниот Богословски факултет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...