Почнуваат рамазанските пости – Поглаварот на ИВЗ: Месец за наше помирување

Date:

Share post:

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.

– Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи”, посочува Фетаху во неговата порака.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...