По тоа ќе ги препознаете …

Date:

Share post:

Чии интереси застапува црковниот портал на МПЦ-ОА, Литургија.мк? На црквата, или на поединци во црквата?

Ова е прашањето кое се почест го поставуваат и верници, но и свештеници на МПЦ-ОА.

Интернет порталот кој беше најавен како црковно-информативен сајт на МПЦ-ОА, веќе личи на дописништво на руски Спутник во Македонија. Во него главните вести се насочени кон промоција на Руската православна црква и нејзините црковни политики во православниот свет.

Како изгледа пропагандата, што во корист на руската црква ја форсира, најдобро се гледа од односот на редакцијата на литургија.мк кон владиците на МПЦ-ОА. За некои има место, за некои не. Се зависи од тоа што ќе кажат.

Па така на сајтот на Литугрија.мк, нема да можете да прочитате што кажал на пример владиката Пимен за наводните услови од вселенската патријаршија, бидејќи редакторот во сенка, не дозволува читателите на литургија.мк да се „трујат“ со информации кои не одат во прилог на неговата агенда.

На Литургија.мк нема да го прочитате ниту ставот на владиката Наум за ова важно историско прашање за МПЦ-ОА, бидејќи секако редакторот во сенка, не сака да ги „тревожи“ своите претпоставени со таму нешто што труби Наум.

Но, затоа на Литургија.мк ќе го видите Петар како исурта омраза по половина црква и Синод, ќе го прочитате Агатангел кој нозе искрши за да ја убеди јавноста колку добри се српските владици и руските политики за МПЦ-ОА. Секако ќе го прочитате Григориј со неговите мудри филозофии.

Но, ако се навлезе подлабоко во вестите на овој сајт, лесно ќе ја препознаете агендата зошто тој сајт постои.

На црковната јавност и е сосема јасно што е идејата и целта на овој сајт, но нејсано и е што на тоа мисли Синодот.

 

1 COMMENT

  1. Ako Ruskata rkva i nekoi drugi nemaat problem so naseto ime da ne oslovuvaat, toga zosto Carigradskata patrijarhija ne go stori istoto? Grcite i zapadnata glutnica li ne davaat!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да...

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...