Европскиот митрополит Пимен во десетина дена ги посети трите цркви на МПЦ-ОА во Љубљана и во Крањ, како и црквата во Загреб и служеше литургија
„Сервус драги Загреб град!“, напиша отец Пимен на Фејсбук пред литургијата во црквата Света Злата Мегленска во Загреб.
-Голема благодарност до Неговото Високопреосвештенство, Митрополит наш Европски, г Пимен, дарителите, украсителите, помагачите и пеачите во нашиот дом, домот на Бога, посветен на Светата великомаченица Злата Мегленска. Искрени честитки до новопроизведениот чтец на црквата Дамјан Каранфилов, објави пак Европската Епархија.
Литургијата во Загреб беше во неделата на 10 ноемри, а литургиите во Словенија беа пред и за Митровден.
Посетата на Хрватска и на Словенија се поклопува со 18 годишнината од неговиот избор за Митрополит на тронот на Европската епархија на МПЦ-ОА.
-И така ден по ден, километар по километар, служба по служба, од општина до опшина, од темел до црква, од умор до радост, од 4 до 24 сослужители и сѐ во Слава на Господа Бога, минаа18 на Европскиот епархиски трон.
Со моето свештенство, со луѓето од одборите, со верниот народ низ црковните општини, се направија, се поправија, се започна многу работи.
Не застануваме, но често под притисок на уморот знаеме да се пошегуваме дека не мора ние сѐ да направиме, дека треба да оставиме нешто и за оние после нас што ќе осетат како било да се чекори во нашите чевли.
Секое признание и пофалба мотивирала за следен чекор напред, секоја критика опеменувала уште еднаш да се погледне назад пред да се продолжи напред, секоја една насмевка и прегратка бришела умор насобран…
Ма како и да е, минаа.
Слава на Бога!, напиша Пимен на фејсбук.


