Пет дена Охридската Архиепископија ќе пишува нова страница историја во односите со Вселенската Патријаршија

Date:

Share post:

Од денеска па се до понеделник во Истанбул ќе се случува голем историски насатан на кој ќе се официјализира воспоставувањето на канонско единство и враќањето на МПЦ-ОА меѓу правоиславните цркви, откако на девети мај Вселенската патријаршија ја тргна шизмата од Охридската Архиепископоија.

Главниот настан со кој ќе се официјализира оваа одлука на Вселенската патријаршија е в недела на Духовден кога во патријаршискиот храм на Фанар Архиепископот Стефан и Патријархот Вартоломеј ќе ја отслужат првата заедничка литургија. Ова прво сосолужување на Архиепископ од Македионија и на Вселенски патријарх е прво во модерната историја. Иако нема точни податоци, сепак некои историски записи посочуваат дека последен пат Охридски Архиепископ и Вселенски Патријарх заедно служеле во 1763 година кога е назначен Арсениј за Архиепископ Охридски.

Претходно во текот на денот на вечерната Богослужба во чест на именденот на Патријархот Вартоломеј, на Архиепископот Стефан и официјално ќе и биде предаден Патријаршискиот и синодален акт на Светиот синод на Вселенската патријаршија со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска Архиепископија.

Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа.

Одлуката на Синодот на Вселенската Патријаршија уследи откако по повеќедеценискиот спор со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата Црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност.

Утре рано наутро во Фанар ќе се служи литургија за именденот на Патријархот Вартоломеј, а в понеделник Архиепископот Стефан и владиците на МПЦ-ОА ќе служат литургија во Црквата на плоштадот Таксим.

Во црковната делегација на МПЦ-ОА покрај Архиепископот Стефан се и владиците Тимотеј, Петрај, Климент и Партениј.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...