Патријархот Кирил и Архиепископот Стефан разговарале за теми од взаемен интерес

Date:

Share post:

Руската православна црква попладнево објави вест за телефонски разговор помеѓу Патријархот Кирил и Архиепископот Стефан, кој се случил денеска.

Во веста нема детали за што е разговарано, но во краткото соопштение пишува дека двајцата разговарале за теми од взаемен интерес за состојбите во православниот свет.

-Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха. За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла атмосфера на братска љубов и меѓусебно разбирање, се разговараше за состојбите во православниот свет и за други теми од заемен интерес, стои во соопштението.

Каков взаемен интерес имаат Архиепископот Стефан и Патријархот Кирил не е посочено.

МПЦ-ОА, пак избра да не ја извести јавноста за телефонскиот разговор.

Во црковната јавност во Македонија се погласни се предупредувањата дека МПЦ-ОА, полека но исгурно станува приврзок на Руската црква, а со тоа и на руската надворешна политика.

14 COMMENTS

  1. На времето во СФРЈ имаше една емисија која носеше наслов : Тражили сте – гледајте!!!
    Сакам да верувам дека веројатно нашиот архиепископ во духот на православната љубов побарал од рускиот патријарх безусловно да се заложи кај рускиот нов император веднаш да го запре бомбардирањето во Украина. Или можеби не….

  2. Ти што си православна љубов, и што толку многу сакаш да ја видиш во светот што те опкружува, а себеси си дозволуваш да си преполн со осуда, омраза и нетрпеливост, образот ти е лицемерен, манипулативен и зборот Љубов го злоупотребуваш.

  3. Секој што зборува за љубов треба прво и последно – тој да ја има апсолутно и во сѐ. Зашто љубовта е таква. Инаку, зборуваме за љубов а осудуваме, мразиме, манипулираме, не расудуваме и лажеме.

  4. И уште нешто… Рускиот император го штити својот народ, својата Црква од истребување на западната мафија, која 30 години ги манипулира кутрите украинци со пропагандни трикови, како овој партал-портал овде. Ги доведе дп потполна попреченост нивните умови, па почнаа да ги убиваат своите луѓе последните 10 години, а последно и да ја гонат Црквата Божја, монасите и верниот народ. Таа црква која Вартоломеј ја основа со Циашки упад во стилот на папизмот, е празна, нема народ. Господ ќе расуди на крајот, на сечиј крај. И некому ќе биде многу жал зс сѐ што зборувал и правел… Се надевам. Зашто адот е страшен. Никому не му го посакувам.

  5. Сакам да верувам дека веројатно нашиот владика Партениј во духот на православната љубов побарал од вселенскиот папа безусловно да се заложи во ЦИА веднаш да го запре прогонот на нашите браќа во Украинската Православна Црква. Или можеби не….

  6. Фанатизмот на антируската пропаганда со патолошкиот русофобизам нѐ заслепува и забораваме дека самите припаѓаме во најагресивната воена терористичка организација НАТО, која има убиено и убива над 15 милиони невини луѓе секаде низ светот. И не само ние, како православен народ, туку и грчкиот, романскиот, бугарскиот… На сите ни се крвави рацете, ама за тоа молчиме, нели, лицемери!?!? Каде се патријарсите и митрополитите на тие цркви да изговорат збор за мир во Сирија, Сомалија, Либија, Ирак, Судан, Палестина… долг е списокот? Или тие не се луѓе? А да, тие се луѓе од низок квалитет, онаа Хитлеријадата позната одамна е сѐ уште жива.

  7. Леле леле… Јас се извинувам што го спомнав новиот руски император и неговата агресија во Украина. Заборавив дека во Русија за многу помалку од ова се оди на робија.

  8. Pravoslavieto e ljubov…. Ke puknes od omraza kon se sto e Rusko.. pa dobro bre coveku se nadevam tvojot centar na kaleto i vladikata Partenij koj sto samo siri ljubov ke se zalozi kaj svojot “gazda” za mnogu stradalnata Ukrainska Pravoslavna Crkva!

  9. Милена, се гледа дека си имаш некои тешки фрустрации и болна русопатологија. Се некој друг ти е крив, ги обвинуваш нато, Украина, Вартоломеј, Партениј, еден, друг, трет, за кои не станува збор во текстот. Преиспитај се: веруваш ли во Бог или во Путин и компанија? Имаш право во кого сакаш да веруваш, само не замарај ги другите со твоите комплекси.

  10. До овој морализаторот што се крие зад зборот “љубов”, кога нема аргументи се наоѓа цинизмот и иронизирањеѕо, нели? Баш си љубовен, всушност вистински пример за љубовна реторика. Трагедијо псевдоправославна.

  11. До ПРАВОСЛАВИЕТО Е ЉУБОВ, да, да, Сноуден, Асанж, Трамп… и еден куп други политички затвореници и убиени во монтирани несреќи на Западот се руси.
    А оние што си го добиваат во Русија, се антируски пропагандисти кои работат на странски пари против Русија, како еден куп овде, само што кај нас вистината е во окупација на таквите корумпирани новинари и манипуланти.

  12. Па така кажете… Јасно и гласно… Нема потреба од ракавици… Ова е тоа руско поимање на православието со многу ориентален фил ставено во прекрасна квази православна обланда.
    Сталин е одамна мртов… Да живее новиот руски император. До нашите владици е дали ќе се поклонуваат пред рускиот император и неговите коњаници.

    • Риско поимање ? Абе братцќче ти знаеш шо се случува со православието во светот а посебно во Украина , изгледа не , затоа немој сега да ни збориш за љубов а целата таа ваша ЕКУМЕНИСТИЧКА љјубов заедно ке ве однесит во Адот со се сите еретици и кои мислаат дека многу љубат а посебно Фанариотите

  13. Па така кажете… Јасно и гласно… Нема потреба од ракавици… Ова е тоа истанбулско поимање на православието со многу ориентален фил ставено во прекрасна квази православна обланда – гонењето на Украинските православни христијани!
    Константинопол е одамна мртов… Да живее новиот истанбулски папа. До нашите владици е дали ќе се поклонуваат пред истанбулскиот папа и неговите коњаници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img