Во Синодалната палата во Софија се одржала средба помеѓу Патријархот Даниил и митрополитот Григориј, кој ја предводи епархијата на Хомс (Емеса) во рамките на Антиохиската православна црква. Средбата, на која присуствувале и други високи претставници на двете Цркви, се одвивала во дух на братско почитување, разбирање и заедничка солидарност.
Григориј ги пренесол братските поздрави од Антиохискиот патријарх Јован X до Патријархот Даниил и до Светиот синод на БПЦ. Во рамки на разговорот била искажана благодарност за добриот однос и топлото примање на бугарската заедница во Обединетите Арапски Емирати — заедница што се наоѓа под јурисдикција на Антиохиската црква. За потсетување е податокот дека во 2021 година, по барање на православни Бугари што живеат во ОАЕ, БПЦ одлучила да иницира формирање бугарска православна заедница во Дубаи и за тоа ја известија Антиохиската патријаршија под чија јуриздикција се наоќа оваа територија.
На средбата се отвориле и неколку важни прашања, меѓу кои и тешката положба на христијаните во разоренатаСирија. Митрополитот Григориј ги замолил присутните за молитвена поддршка за Антиохиската црква, која, како што рекол, сè уште се наоѓа во состојба на загрозеност. БПЦ, од своја страна, ја потенцирала конзистентната позиција на Светиот синод во одбрана на христијанското население на Блискиот Исток. Патријархот Даниилповикал на надеж и трпение, истакнувајќи дека „мачениците за верата се поблиску до Христос“. Тој истакнал дека заедничката вера, меѓусебното почитување и единството се патот за градење вистински мостови меѓу народите и црквите.
Состанокот завршил со размена на симболични подароци и со надеж за мирна и духовно благословена прослава на Божиќ.
Оваа средба е показател дека во време на геополитички пресврти и верска криза, Православните цркви продолжуваат да бараат единство и поддршка меѓу себе — не само како институции, туку како заедници со грижа и одговорност кон своите верници, каде и да се наоѓаат.

