Со растечката примена на вештачка интелигенција (AI) во црквите — за подготовка на проповеди, духовна поддршка, па дури и „чат“ со библиски ликови — се појавува можноста таа технологија може да создаде нов облик на идолопоклонство, предупредил Реј Милер, пастор од Тексас, кој ги следи овие трендови. Иако самиот не ги отфрла самите алатки, тој предупредува дека „интерактивноста што AI ја нуди може да делува како личен бог, кој изгледа дека сè знае“.
Таа загриженост доаѓа по податоците дека многу црковни тела веќе користат AI: според неодамнешно истражување, околу 61% од свештениците кои составуваат проповеди, тоа го прават неделно или секојдневно со употреба на алатки како ChatGPT.
Милер смета дека AI може да има корисни примени — како помош при истражувања или помош при уредување на црковни соопштенија — но тоа не треба да се претвори во замена за пастирската грижа, духовната заедница и вистинската блискост меѓу луѓе.
Тој предупредил дека кога верниците нарачуваат духовни одговори од машина — на пример одговари на сложени прашања, водство, утеха — ризикуваат да ја заменат живата заедница, живото искуство и вистинската духовна длабочина со механички „одговори“ кои искажуваат алгоритми, но не доаѓаат од срцето.
Повеќето верски лидери кои ја прифаќаат технологијата, според истражувањата, ги гледаат AI-алатките како помошни средства, никогаш како замена на традиционалниот начи, и инсистираат на развој на етички и духовни критериуми при нивното користење.
Со зголемената достапност на AI-апликациите, пастирите и верниците се соочуваат со изборот: дали ќе ја употребуваат технологијата како алатка или ќе ѝ дозволат таа да го земе приматот — ризикувајќи создавање идоли од машини.

