Партениј е Христијаноман, кој ги љуби сите народи – како Македонец МПЦ-ОА е неговиот крст

Date:

Share post:

ИНТЕРВЈУ: ИЛИЈА КАРОВ – РЕЖИСЕР И ПИСАТЕЛ

Илија Ико Каров, режисер и писател, неодамна беше дел од групата верници кои во Скопје се собраа за да оддадат поддршка за епископот Партениј, за да се најде на листата за избор на митрополитн во Охрод. Во интервју за Религија.мк одговара за мотивите за учество во тие собори, за доносите на духовното и уметноста, или како што вепи „во христијанството терминот “Црква” уште од најраните времиња се однесувал не на градба, ами на собир од верници во името Божјо“, па така го гледа и своето учество во тие собири.

-Црквата, според мене, има два аспекти – клирот и народот, едното без другото не бива, не оди. Ниту црква без свештеник може, ниту црква без народ бива, така што сите ние заедно ја сочинуваме живата Македонска Православна црква – Охридска Архиепоскопија, на чело со нашиот Архипастир, дедо Стефан, вели во инетрвјуто за Религија.мк, Илија Каров.

Каров смета дека неправедно му се залепени етикентите на епископот Партениј за бугарофилство, или гркофилство и дека јавните настапи на Партениј од монатото не се дел од политички ангажман, туку се дел од процес кој во тој период бил корисен и потребен за црквата и нејзиното признавање и секако од послушание кон самата црква и надлежни.

-Политички ангажман Партениј немал никогаш, тоа е факт, тој пред се’ е монах. Како епископ извршувал задачи кои со себе носеле одредени политички референци и се’ тоа од послушние кон функцијата која ја извршува како монах, кој на главата носи митра, а на градите носи панагија со Богородица и Христос, и и’ служи на МПЦ. И тоа не се однесува само на него, ами на сите Епископи и Митрополити од нашата црква. Во неговите манастири сите се добредојдени, дал тоа било Бугарскиот Претседател или Српскиот конзул, тој човек има посебна љубов за сите православни народи, вели Каров за Религија.мк.

Според него голема штета е направена и проади злупотреба од одредени странски новинари, за нивна полза, на некои добронамерни изјави,

-Лично сметам дека одредена група на новинари кои ги придружуваа странските делегации му направија најголема штета со “вадење од шарката” одредени информации кои ним им беа тогаш во полза. Тоа се случи и со интервјуто на о. Кирил, за среќа успеавме да ја убедивме нивната монашка природа, после големо инсистирање на група интелектуалци, медиумската проблематика, дека оттогаш секое интервју мора да биде авторизирано од манастирот, вели во интервјуто за религија.мк, Илија Каров, режисер и писател.

РЕЛИГИЈА.МК: Неодамна бевте дел од собирот во Скопје околу избор на митрополит во Охрид. Зошто еден уметник, човек од филмската индустрија, кој доефиниција има широк, поразличен светоглед од религискиот, би бил мотивиран да биде дел од еден ваков собир?

КАРОВ: Не се осеќам како дел од никаква идустрија, ниту пак филмовите кои ми се допаѓаат и ме инспирираат ги доживувам како дел од било каква индустрија. Напротив, добрите филмови се дела на талентирани луѓе, а токму талентите со кои се носиме ни се дар од Бога.

Лично сметам дека Уметноста и Духовното несомнено имаат многу заеднички нешта, веројатно највисоката точка која ги спојува овие две благородни дисциплини е службата кон Возвишеното.

Во смисла, не сметам дека духовните теми се страни за публиката, напротив “Илјада години сведок на Светлината” – документарниот филм по повод милениумската прослава на Бигорски манастир е првиот македонски филм, кој безмалку ќе раситни еден милион гледачи на Јутуб – од целиот свет.

РЕЛИГИЈА.МК: Ве прашувам со оглед на тоа дека генерално јавноста смета дека избор на владика е црковно прашање?

КАРОВ: Избор на Владика е апсолутно црковно прашање, во тоа сомнеж нема и не смее да има. На “тркалезената маса” треба монаси да гласаат за монаси, водени од благодатта на Светиот Дух, потпирајќи се на своите пастирски искуства и инстинкти. Сега стигнуваме до филоСофската раскрсница што е тоа црква? Во христијанството терминот “Црква” уште од најраните времиња се однесувал не на градба ами на собир од верници во името Божјо.

Црквата, според мене, има два аспекти – клирот и народот, едното без другото не бива, не оди. Ниту црква без свештеник може, ниту црква без народ бива, така што сите ние заедно ја сочинуваме живата Македонска Православна црква – Охридска Архиепоскопија, на чело со нашиот Архипастир, дедо Стефан.

РЕЛИГИЈА.МК: Имаат ли тие протести, тие собири организатор. Бигорскиот манастир индиректно се огради од нив?

КАРОВ: Најпрвин, во никој случај терминот протест не Ви е соодветен, тоа би подразбирало дека “Црквата е против Црквата” – далеку од таква невкуснотија. Македонската православна црква ниту била, ниту некогаш ќе биде поделена, ниту од внатрешна ниту од надворешна сила. Како што можеме да посведочиме, нашата света Црква има пастири и синови и ќерки, кои се секогаш спремни да ја бранат нејзината светост и Соборност.

Собирите намаат ниту организатор, ниту организатори во класична смисла, тие само спонтан збир од сите оние што сметаат дека искуството треба добие шанса, водени од фактот дека Православието се води од преданието на Светите Отци, во превод од искуството.

РЕЛИГИЈА.МК: Она што сепак деновиве е некако доминатно во јавноста, особено по социјалните мрежи е јасно видлива поделеност на јавноста. Колку тоа за една Црква е корисно, а колку штетно?

КАРОВ: Понекогаш и на најдобрите пастири, и најмалите и најнеискусните јагнињата во стадото, можат да му помогнат при изборот на најдобиот пат, со цел сите заедно да стигнат до росните зелени предели на врвот.

РЕЛИГИЈА.МК: Мислите ли дека Архиепископот, Синодот, ќе ги слушне вашите пораки?

КАРОВ: Не сомневајќи се во мудроста на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, сигурен сум дека ќе ги слушне гласовите на своите јагниња.

Дебарско-кичевската епархија во центарот на својата утроба го содржи Славјанскиот Ерусалим, градот Охрид. Токму ова свето место сметам дека е неопходно да биде предводено од искусен пастир, кој знае како да си го собира и негува своето стадо, со цел сакралните објекти на МПЦ да не се само музеи и ехо од некое наше славно минато, туку покрај нивната историска важност повторно да постанат живи споменици на нашата вера со кои ќе се гордее Македонија, а ќе се воодушевува целиот Христијански свет.

Едноставно и кратко, таму треба  докажан духовник, со цел Охрид да блика во сиот свој сјај, оној сјај што не се гледа со очите, ами за кој сведочи душата. Или ако веќе толку не може и Охрид, би требало да се изнајде некој праведен компромис…

РЕЛИГИЈА.МК: Најголемиот аргумент на противниците на идејата Партениј да стане митрополит е неговиот, на извесен начин, политички ангажман од пред неколку години. Еве и сега се појавуваат изјави, ставови, за кој огромниот дел од јавноста цени дека тие се во рамки на предавство на националните интереси. Како вие гледате на тие моменти? Со што би го одбраниле Вие Партениј?

КАРОВ: Немам намера ниту да бранам, ниту да напаѓам асолутно никого. Нит сум нечив агитант, нит нечив душман. Политички ангажман Партениј немал никогаш, тоа е факт, тој пред се’ е монах. Како епископ извршувал задачи кои со себе носеле одредени политички референци и се’ тоа од послушние кон функцијата која ја извршува како монах, кој на главата носи митра, а на градите носи панагија со Богородица и Христос, и и’ служи на МПЦ. И тоа не се однесува само на него, ами на сите Епископи и Митрополити од нашата црква. Во неговите манастири сите се добредојдени, дал тоа било Бугарскиот Претседател или Српскиот конзул, тој човек има посебна љубов за сите православни народи. Во новиот филм, кој е во пост продукциски подготовки по повод неговиот 30 годишен јубилеј како монах на МПЦ, истите тие што сега го фираат дека е Бугарофил, кога ќе го слушнат како објаснува за српскиот крал Караѓоргевиќ кој ја возобновил црквата во с. Ростуше, истите тие ќе го прават Србоман, всушност, тој човек е Христијаноман и ќе повторам дека во своето срце има посебно место за сите православни народи. Лично сметам дека одредена група на новинари кои ги придружуваа странските делегации му направија најголема штета со “вадење од шарката” одредени информации кои ним им беа тогаш во полза. Тоа се случи и со интервјуто на о. Кирил, за среќа успеавме да ја убедивме нивната монашка природа, после големо инсистирање на група интелектуалци, медиумската проблематика, дека оттогаш секое интервју мора да биде авторизирано од манастирот. Иако јас припаѓам на убедувањето дека во Христијанството сите се едно, така како што Христос проповедаше, но ајде еве и еден ексклузивен цитат на Дедо Партениј од мојот нов филм: “…На никој не можам да му признаам дека е поголем патриот од мене. Јас 30 години крварам за нашата Црква, тука во Македонија. Јас сум Македонец, таков сум се родил и како Македонец ќе умрам…”

РЕЛИГИЈА.МК: Но, свесни сте и како интелектуалец дека македонската јавност тешко простува и еден лош чекор, а уште потешко признава голем број добри дела? Ова повеќе ве прашувам во контекст на тоа дали јавноста успева да цени вредности?

КАРОВ: Најинтересно можеби за нецрковната публика е тоа што покрај се’ тој нас ни негодува и ни се лути за ова што го правиме, а за другите вика “…ами чедо јас распетието не ми е мака да го живеам – ако за Христос беше достојно, кој сум јас недостојниот да се бунам…

Ама ќе ни прости, го знаеме… Не’ издржал многу пати – се шегувам малку, простете и Вие.

РЕЛИГИЈА.МК: Можно ли е Црквата денес да ги привлекува младите, кои сепак имаат еден поинаков поглед на светот?

КАРОВ: Не само што може, ами мора, и што е најважно има луѓе кои знаат да го прават тоа….

Земете ги за пример: Дедо Стефан, Дедо Иларион, Дедо Наум, Дедо Климент, Дедо Пимен, Дедо Партениј итн…

Ова е многу широка и важна тема.

РЕЛИГИЈА.МК: Како Вие гледате на улогата на МПЦ-ОА во македонското општество?

КАРОВ: Немам намера да го критикувам македонското општество, го сакам нашето општество, тоа е факт, да не беше така ќе го имав напуштено како многумина мои врсници. Мојата борба е тука. Но дека тука можат да ти простат се’, освен доброто, тоа за жал е факт, тое е нешто што треба под итно да го промениме како самосвест кај сите нас.

РЕЛИГИЈА.МК: Инспиративна ли е Црквата за филмски, уметнички сценарија?

КАРОВ: Секако дека црквата отсекогаш била инспиративна за сите гранки на уметноста, не само за филмот. Мој следен личен предизвик е играна форма, односно реконструкција на житие на некој од македонските светители.

1 COMMENT

  1. Видете, и да е така она што го говорите (во што е многу тешко да се увери не острастениот квази-патриот, како што често ги нарекуваат луѓето коишто не се некои активни верници, а со голема ревност, често и на невкусен, примитивен начин му замеруваат на Владиката Партениј за извесни крајно неочекувани авантури во комуникацијата со странски политички чинители коишто сепак самите себеси се посведочија како непријателски кон македонскиот народ, кон неговата долговековна историја и кон македонската државност во мораме да признаеме најтешкиот период од современата македонска историја, дури до денес – туку вистината е дека неколку видео-записи од произнесувања во името на националната свест на македонскиот народ од негова и од страна на негови монаси нема никогаш да ги сварат ни долгогодишни, опитни членови на Македонската Православна Црква, верувам дека е доволно и тоа што ги проголтаа без никакви сериозни дистанцирања или протести, вакви какви што креваат сега неговите духовни чеда… во други Помесни Цркви дури и се расчинува за сведоштва во полза на непријателски народи или држави). За волја на вистината, не е единствен од помладите епископи кој може да биде прозван за грев или за чин на злоисходна небрежност кон народот и кон Татковината (други отишле за жал во друг правец, но многу подалеку од него). Токму неговите огромни заслуги како Старец и како духовен родител и раководител на многубројни духовни чеда, меѓу нив и на доволен број монаси, како и неговата навистина многуплодна работа на ширењето на автентичната црковна култура во општеството, ни ја сочуваа почитта и надежта дека тие слабости коишто во некои мигови ги пројавил, со време ќе ги надмине и ќе продолжи да принесува многукратен плод на нивата Господова, за што не луѓето а Бог ќе му возврати во Нему позната мера.

    Ако се работи за простодушност, како што велите, ако постои злоупотреба на неговиот говор од страна на странски новинари, монтажери, камермани (вадење од контекст изгледа не ќе може лесно да се нарече, од она што со жалење го видовме ќе мора да говориме за злоупотреба со вештачка интелигенција, којашто сепак не е доволно софистицирана до денес за да не може да се распознае евентуална имитација), треба тогаш да прецизираме што се’ мора да поседува еден Епископ со оглед на деликатноста и комплексноста на таа позиција во секој поглед. Значи, често се говори во Македонија за бројноста на духовното Стадо како одличен предуслов за носител на епископски чин (макар што самиот о. Партениј на пр. не сметаше така кога го предложи денешниот Митрополит Тетовско-Гостиварски Јосиф за Владика, за што сме му многу благодарни, а и Светиот Синод го занемари тоа кога Владиката Методиј по хиротонијата беше испратен на мисија во Северна Америка при што неговото големо Стадо во Македонија претрпе штети, луѓето беа принудени да си побараат друг духовен отец).
    Ние паметиме дека Св. Игнатиј Богоносец кажа: “Епископот не стои на Христово место, туку на местото од Небесниот Отец во својата епархија.” И оваа дефиниција никој во православната еклисиологија не ја пренебрегнува или оспорува до денес. Свеста за даровите и својствата што ги носи сам по себе епископскиот чин е сепак она што го издвојува Епископот и од кој било најплоден подвижник во неговата епархија (за ова во својот историски контекст говори и Св. Кипријан Картагенски после страшниот период на отпаѓање на многумина во време на тешки прогонства на христијаните, кога знаеме дека мнозина покајници се вратиле кон Црквата Божја по завршетокот на прогонствата, но и голем број т. н. харизматици почнале да дејствуваат независно од епископите до мера што се перцепирала како своевиден раскол – Св. Кипријан Картагенски ги преколнува сите да им се потчинат на епископите).
    Ако Епископот ги открил тие дарови (што ги носи мистичната позиција на стоење на местото на Небесниот Отец во неговата епархија) во себе, ќе знае како да раководи со неа како Владика (оној кој ја има духовната власт) макар и да нема ниедно духовно чедо. Ако ја нема распознаено таа духовна власт над сите твари во неговата епархија во себе, и ако не умее на внатрешен начин да раководи со нив, ќе биде повеќе нејзин администратор одошто Владика, со помал или поголем успех ќе го организира свештенството, монаштвото, храмовите итн., ќе раѓа можеби и духовни чеда, но нема да владее со епархијата со севкупниот пророчки (творечки) дар кој му е даден. Се случило и кај нас и на други места ширум Православието, и денес и низ историјата, Епископи што не произлегле од редовите на монаштвото да го носат тој дар на најавтентичен начин.

    На крајот на краиштата, сите сме свесни дека изборот за Митрополит носи полноправно членство со право на одлучување во Светиот Синод. А свесни сме и дека Македонската Православна Црква опстојува во историско-географски околности хронично деликатни. Не е доволно нашите Епископи да бидат само незлобливи како гулаби, неопходно е да бидат и мудри како змии (значи, не просто мудри, туку мудри како змии). Бидејќи ако некој го насамари Епископот, измамникот има личен грев, измамениот нема, ама последиците што ги трпи Епископот не се лични, тие последици се протегаат на Црквата во целост (сходно на карактерот на измамата).

    Дури и самите оспорувачи на македонскиот национален идентитет од редовите на Грчката Православна Црква чии медиумски сведоштва и обраќања ги пренесува Бигорскиот Манастир (беседите на Митрополитот на Перистери г. Григориј и о. Јосиф Куцурис на пр.), развиваат цели еклисиолошки тези за позицијата на МПЦ-ОА во современиот историски контекст и со будно внимание ги следат состојбите во Македонската Православна Црква, велејќи: таа Црква е геостратешки клучна денес во Православието, од пресудно значење за целото Православие е чие влијание ќе надвладее таму: на Москва или на Цариград. Тие самите тврдат дека признавањето на автокефалноста на нашата Помесна Црква е долгогодишен внимателен план и добро разработена мрежа од дејствија на Московската Патријаршија ( во склопот на нивните комплексни, но и нагласено елински геостратешки еклисиолошки толкувања на постапките на Московската Патријаршија на соборен план во последните децении).
    Како тогаш можеме да му замериме на Светиот Синод на Македонската Православна Црква за неумесно предлагање кандидати за Митрополит и да го сметаме духовното Стадо на о. Партениј за померодавно од членовите на Светиот Синод во поглед на овој избор?

    Секако, сите нас не’ обединува љубовта Божја и искрената желба Бог да ги просветли нашите Свети Отци и во оваа работа, да постават најбогоугодни Митрополити во испразнетите епархии, заради најплодно преуспевање во верата на сите добронамерни боготрагатели и на Македонската Православна Црква во целост. Сите ние копнееме да бидат исцелени нашите рани и пројавени нашите благодатни дарови во полнота. Но, секој од нас нека го почувствува и своето место во Планот Божји со неисцрпната радост и сила што ги носи тоа место.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...