Под мотото „Спектакуларно непослушни!“ вечерва во Скопје се одржува петтата Парада на гордоста.
Учесниците се собраа во паркот „Жена-борец“, по што го почнаа протестниот марш низ градските улици кој завршувa на стадионот на АРМ во Градскиот парк со богата музичка програма.
Организаторите велат ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични.


Автентични? Се’ само не автентични. Да направи човек од интимата на телесната љубов и лична неисполнетост кауза и мапа за клучно препознавање на неговиот идентитет како личност е тажен пораз и голема мизерија, нема таму простор за ништо друго, зашто личната криза жари и пали. Колку побрзо се соочи со тоа без да се обидува да се замајува и себеси и другите толку подобро. Без оглед за каква сексуална ориентација се работи