Папата тажен поради бракот меѓу две монахињи

Date:

Share post:

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск го растажила веста дека две поранешни чесни сестри склучиле цивилно партнерство во Италија, изјави заменикот на ватиканскиот државен секретар надбискупот Џовани Анџело Беччу во петокот.

papa-francisk-4-Колку тага имаше на лицето на Папата кога му ја прочитав веста за двете венчани ‘монахињи’, напиша Беччу на Twitter.

Федерика и Изабел, и двете 44-годишни, склучиле пред десетина дена во близина на Торино цивилно партнерство откако одлучиле да истапат од сестринството од редот на францисканците, бидејќи се вљубиле додека работеле во мисијата во западноафриканската држава Гвинеја.

Напишаа на социјалните мрежи дека можеле да постапат „кака и другите припадници на клерот кои живеат заедно во манастир и ја кријат својата врска, но оцениле дека тоа би било лага“.

-Има многу такви случаи во кои свештеници или монахињи ги кријат својата врска со маж или жена, напишаа поранешните калуѓерки. Додаваат дека никој не им помогнал во нивниот верски ред и „Почувствувавме дека сме сами и, повеќе од тоа, напуштени“.

Италија го легализираше еднополовото цивилно партнерство во 2016 година, по неколку години дебати и силно противење на ватиканската хиерархија. Земјата, во којашто мнозинството жители се изјаснуваат за католици, беше последната држава од западна Европа која го донесе овој закон.

Италијанската бискупска конференција остро го осуди владиниот закон за цивилно партнерство, истакнувајќи дека тој го намалува статусот на традиционалното семејство/

Италијансите медиуми најавија дека заедницата на Федерика и Изабел ќе го „благослови“ Франко Барберо, распопен свештеник од црковната служба во 2003 година бидејќи го поддржа еднополовиот брак.

/МАКФАКС

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...