Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Date:

Share post:

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат „сведоци на надеж, убавина и вистина“ за современиот свет.

Во аудиенција организирана во Ватикан, тој истакнал дека киното не е само забава, туку „популарна уметност во највисоката смисла“, наменета за сите.  Тој дополнил дека филмските дела нè тераат да го погледнеме сопствениот живот, да ги преиспитаме сложените искуства и повторно да ја откриеме надежта, која е суштински дел од човечкото живеење.

Папата подвлекол дека киното е „повеќе од слики што се движат“, бидејќи „става надеж во движење“.  Тој го нарекол киното „ритмичкото срце на заедниците“, кое придонесува тие да станат човечни, но нагласи дека последиците од дигитализацијата и затворањето на кино-салите ја ставаат уметничката и социјалната вредност на филмот на тест.

Во контекст на овогодишната јубилејна година, Папата рекол дека присуството на толку многу уметници од целиот свет е пример за надеж. „Вие сте поклоници на надежта“, додал тој. Тој ги потсетил присутните дека нивното патување не се мери во километри, туку низ слики, зборови, емоции, споделени спомени и колективни стремежи.

Папата ги охрабрил уметниците да не се плашат да се соочуваат со проблемите на денешниот свет. „Добриот филм не ја експлоатира болката; тој ја препознава и ја истражува“, рече тој, додавајќи дека говорот за сложени и понекогаш мрачни чувства во човечките срца е „дел од љубовта“.

Во завршницата, Папата нагласил дека филмската продукција е заедничка работа што бара соработка на режисери, техничари, сценографи, актерите и сите што стојат зад сцената — бидејќи нивните таленти и дарби треба да „изникнат“ од братската и соработувачка атмосфера.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Кардинал Пицабала во БАН: „Нема вистински мир без прошка и помирување“

Латинскиот патријарх на Ерусалим, кардинал Пиербатиста Пицабала, одржал предавање во Бугарската академија на науките (БАН) на тема „Мирот...