Папата Франциск повика на помирување во време на војна и судири

Date:

Share post:

Папата Франциск од Рим повика на помирување во светот, додека привршуваат годинешните прославувања на Велигденските празници според Грегоријанскиот календар.

„Расправиите, војните и кавгите да отстапат место за разбирањето и помирувањето“, изјави поглаварот на Католичката црква пред илјадниците верници на плоштадот Свети Петар во Рим после денешната молитва посветена на Света Марија.

Тој додаде дека луѓето треба да бидат преобратени со мир и правда.

Папата Франциск во неговите обраќања за време на католичките Велигденски празници многупати ја спомна војната во Украина, повикуваќи на прекин на борбите и упатувајќи молитви за луѓето во со војната разурнатата земја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...