Организаторите на Олимпијадата се извинија за контроверзните сцени

Date:

Share post:

Организацискиот комитет на Олимписките игри им се извини на христијаните кои се вознемирија од глетките од церемонијата на отворањето на ОИ, а особено од сцената со транвеститите, која личеше на пародија на славната слика „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.

Јасно е дека никогаш не постоела намера да се покаже непочитување кон која било верска група. Церемонијата на отворањето се обиде да ја прослави толеранцијата на заедницата“, кажа портпаролката на манифестацијата Ана Декамп која, како што пренесува Ројтерс, додаде дека верува дека „оваа амбиција е остварена“ но и „ако луѓето се навредиле, навистина ни е жал“.

Ројтерс се обиде да ја оправда и сатанистичката сцена од отворањето на ОИ, укажувајќи дека Франција, иако е горда на своето богато католичко наследство, има и долга традиција на секуларизам и антиклерикализам.

„Богохулењето не е само легално, туку многумина го сметаат за суштински столб на слободата на говорот“, истакнува британската агенција, напоменувајќи дека Римокатоличката црква соопшти дека жали поради церемонијата која „содржеше сцени на исмевање на христијанството“.

Томас Џоли, уметничкиот директор и организатор на церемонијата на отворањето, кажа дека верската субверзија никогаш не била неговата намера.

1 COMMENT

  1. Се разбира, ѓаволот е кукавица, секогаш бил. Нема храброст ни да каже против Кого и зошто се бори. И традиционално: редовно, секогаш баснословно губи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...