Огромен медиумски интерес за Соборот на Крит

Date:

Share post:

Светиот и голем собор на православната Црква на Крит го следат стотици акредитирани медиумски куќи од целиот свет, особено од православните држави.

Централна тема во извештаите на медиумите е несогласувањето меѓу дел од Црквите и поделбата на влијанија меѓу Вселенската патријаршија и Руската Патријаршија.

Но, она што е исто така за одбележување е засега перфектната медиумска покриеност организирана од самиот организационен одбор на Соборот. Организаторите предвиделе и реализираат секојдневни репортерски извештаи на прес-центарот на Соборот.

Покрај фото репортажите достапни се и видео извештаи со сумарни податоци за секој ден од работата на Соборот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img