Верски календар: 10 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Ловро.
Бил ѓакон во Римската црква. Бил измачуван за време на прогонствата на Валеријан, четири денови по измачувањата на папата Сиксто Втори и четворица римски ѓакони. Гробот на свети Ловро се наоѓа на улицата Тибуртина, во Веранското поле во Рим. Покрај неговиот гроб царот Константин Велики изградил базилика.

