24 часа подоцна црковниот портал на МПЦ-ОА, литургија.мк се осуди да го објави интервјуто на Струмичкиот митрополит Наум. Дали по нечија сугестија е нејасно, но сосема јасно е дека објавувањето на интервјуто на Наум доаѓа по коментарот од Религија.мк, дека црковниот портал на МПЦ-ОА селективно ги пренесува информациите за активностите на владиците на МПЦ-ОА. Попрецизно, објавува само она што е во интерес на руската пропаганда во Македонија. Интервјуто на владиката Наум е објавено, но сè уште нема простор за интервјуто на владиката Пимен од пред десетина дена, кој прв ја коментираше изјавата на Архиепископот Стефан за наводните услови од вселенската патријаршија.
Но, и покрај тоа што литургија.мк го објавила интервјуто на Наум во целост, третманот и начинот на кој е објавен укажува дека не им е баш по ќеф што оваа вест ја има на страниците на литургија.мк. Два елементи укажуваат на моментот дека руската пропаганда, која раководи со литургија.мк, сака да го омаловажи и подсокрие интервјуто. Првата е во позицијата каде може да се најде веста на сајтот. За разлика од тоа што на ударната насловна страна стојат вести стари и по неколку дена, ама се во насока на руската пропаганда, интервјуто на Наум е таму некаде долу … Покоен Бане од МТВ за таквиот третман имаше маестрална дефиниција „Дубоко у тречи“. Така и Наум, иако е владика на МПЦ-ОА во црковниот портал на МПЦ-ОА доби простор – Дубоко у тречи …
Вториот елемент е насловот што му е даден текстот. Класичен џандарски наслов: „Спротивно на Цариградската патријаршија, Струмичкиот Митрополит Наум тврди дека таа не ѝ поставила услови на МПЦ-ОА“. Такви наслови ставаат новинари школувани во УДБА. Бидејќи во редакцијата на Литургија.мк нема новинари, останува прашањето дали има свештеници школувани во УДБА?
Но, еве да го подразјасниме насловот. Каде тоа вселенската (или како што спутник. МПЦ милува да ја нарекува Цариградската) Патријаршија ги објавила, доставила и дала условите? Со кој документ Всленската патријаршија ја известила МПЦ-ОА за фамозните три услови за Томос? Кој е потпишан на тој документ? Има ли печат тој документ? Има ли архивски број од Всленската патријаршија тој документ? Кога е пристигнат во МПЦ-ОА тој документ? И зошто Литургија.мк не го објави документот во целост, интегрално, факсимилно, да се види потпис, печат, архивски број, меморандум, датум, да се прочитаа условите што Вселенската птријаршија ги поставува за МПЦ-ОА да добие Томос за автокефалност? Наместо да се објаснуваме едни владици со други, дали има или не услови, и дали има или не документ, еве нека го објави црковниот портал на МПЦ-ОА тој документ и јавноста да биде на чисто. Да може да пресуди кој лаже, а кој не лаже. Бидејќи вака очигледно е дека некој лаже. Еве литургија.мк има можност во следните денови да го објави документот, ако не го објави, тогаш Религија.мк ќе го разјасни спинот што во јавноста го пласираше вечниот „шеф“ на црковната дипломатија на МПЦ-ОА.
Тој владика всушност е единствениот што изминативе неколку месеци мавта со некаков документ, за кој во последното гостување на еден интернет поткаст вели дека МПЦ-ОА го добила од медиумите. Пазете. Владиката Петер вели во интервјуто … „еве го документот, што нас ни е доставен, а ние го добивме од медиумите …“. Од кои тоа медиуми он добил документ на Всленската патријаршија?
Еве да биде појасно како тоа одело. Тој документ, што наводно го има Петар беше прв пат спомнат во едно негово гостување во една телевизија. Новинарката во текот на емисијата вели … „еве ние имаме документ што пишува дека има услови, го добивме од наши извори … Петар го зема го гледа … и вика „да … тоа е тоа …“ И така Петар го доби документот, со кој после мавта ли мавта …
Е сега она што за јавноста е непознато е што пред гостувањето во емисијата Петре и вика на новинарката „еве го документот, ти ќе кажеш дека си го добила од извори и ќе зборуваме …“ Истите полициски финти уште ги користи. Така и мене ми даваше документи, за после да кажува како новинарите ги објавиле и тој ги дознал од нив …
Туку, да се вратиме на суштината. Литургија.мк да го објави документот на Петре. Ако нема документ, на религија.мк ќе ја читате вистината за фанозмиоте три услови на Вселенската патријаршија.

