Наместо бадникови поворки – бадникови хумани акции за медицинарите

Date:

Share post:

Божиќни честитки, Бадникови колачиња, свежо овошје и флаширана вода е донацијата од Брегалничката епархија, хуманите граѓани и општината за персоналот и пациентите на инфективното одделение при штипската клиничка болница.

– На докторите од инфективното одделение да им ги честитаме Божикните празници, а на пациентите кои се хоспитализирани овде да им посакаме многу здравје и брзо опоравување, изјави Саѓко Николов – градоначалник на Штип.

– Се надевам дека на ваков начин успеавме барем малку, за миг, да ги развеселиме за време на еден од најголемите христијански празници, Божиќ, изјави Милена Ристова Михајлова – „Бадникова поворка“.

На инфективно се хоспитализирани 48 пациенти и двајца на кожно кои се со полесна клиничка слика. На интензивна нега, на одделот за анестезиологија, има 4 пациенти кои се со потешка клиничка слика.

– За среќа помалку пациенти се примаат на одделението поради тоа што и амбулантата работи со помал број на амбулантски прегледи. За разлика од претходно кога имавме 70-75 пациенти, сега се 35-40 пациенти на дневно ниво, изјави д-р Дијана Шишкова – раководител на Инфективно одделение.

Граѓаните за време на празнувањата покажаа одговорност и дисциплина, а вчера изостана и палењето на коледарските огнови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...