Серија експлозии однесе жртви и повреди многумина, на пазар за пиротехника во Тултепак, во Мексико. Пиротехниката била подготвена за претстојните католички божикни празници, кога дошло до првата експлозија. Тоа предизвикало да се покренат цела серија други експлозии, што целосно го уништиле пазарот.
На снимките може да се види огромен облак од чад на пазарот Сан Паблито кој се наоѓа на отворено.
„Бевме кај тоалетите кога се случи експлозија кај продавница на крајот од редот, а потоа уследија серија експлозии. Луѓето почнаа да трчаат и настана паника. Парчиња од бетон паѓаа насекаде по улицата.“, вели Федерико Хуарез – очевидец.
На местото на несреќата биле испратени и припадници на мексиканската армија кои помагаат при пружањето помош на луѓето а пожарникари го гаснат огнот. Во експлозијата се оштетени и неколку куќи.
Засега не се знае што ја предизвикало првата експлозија на лесно запаливите материјали и на големото количество барут во бројните предмети и направи за традиционалните празнични огномети, што се многу популарни кај Мексиканците.
Полицијата и спасувачките екипи изјавија дека експлозиите биле толку силни што ѕидовите на објектите каде била чувана пиротехниката „практично биле стопени“ од високата температура што притоа се развила.
Шефот на националната служба за вонредни ситуации Луис Фелипе апелираше да не се приближува до местото на експлозијата во опсег од најмалку 5 километри заради висок ризик од дополнителни експлозии. Според него, нема друг избор освен да се остави неексплодираната пиротехника, огномет, и др. да изгори.
Изработката на пиротехника е главната индустриска гранка во Тултепак. Ова не е првпат ваков инцидент да се случи на пазарот во Сан Паблито.
Истиот пазар, изгоре во пожар во 2005 година кога избија низа експлозии воочи одбележувањетро на Денот на независност на Мексико, при што беа уништени стотици тезги десетици луге беа полесно и потешко повредени.
Пожар од такви размери во Сан Паблито изби и во септември 2006.

