Почетна Анализа Науката откри како изгледал Свети Никола
Науката откри како изгледал Свети Никола

Науката откри како изгледал Свети Никола

1.97K
0

Научници од Универзитетот во Ливерпул направиле реален приказ на ликот на Свети Никола, кој бил презентиран на 6 декември оваа година.

Сликата што ја објавиле во тродимензионална форма е направена врз основа на долгогодишни анализи на черепот и скелетот на Свети Никола.

Професорот Каролина Вилкинсон, под чие менторство е работена анализата, вели дека ликот е образуван со помош на системот за реконструкција на лицето и 3D интерактивна технологија, а врз основа на достапните скелетни материјали.

Ликот на Свети Никола во Византиската уметност и православната теологија
Ликот на Свети Никола во Византиската уметност и православната теологија

Ликот на еден од најпознатите светители, во многу се разликува од она што е фрескопис во византиската уметност, но и од модерната претстава преку комерцијалниот лик на Дедо Мраз.

Угледниот Форбс, посвети една опширна анализа за реконструкицијата на ликот на Свети Никола, посочувајќи дека науката повеќе од 70 години се обидува да направи реален лик на Светителот.

Форбс пишува дека черепот на Свети Никола на науката и бил достапен откако во 1953 година во црквата во Бари, Италија, бил отворен гробот на Свети Никола, со цел да се почне процесот на ублажување на оштетувањата од вода на гробницата во текот на речиси еден милениум.

Черепот на Свети Никола, го испитува професорот Луиџи Мартино
Черепот на Свети Никола, го испитува професорот Луиџи Мартино

Откако реставрација била завршена, во 1957 година, еден италијански професор по анатомија, Луиџи Мартино бил првиот модерен истражувач за да се направи комплетна анализа на коските на Светецот.

Направените  мерења со Х-зраци на коските, тогаш покажале дека тие претставуваат остатоци од машко тело кое било над 70 години во времето на неговата смрт. Свети Никола бил со просечна височина, широко лице со високи јаготки, широк чело, изразено расипани заби, а малку се издвојувала брадата. На носот имал фрактура, како и хроничен артритис на ‘рбетот и карлицата.

Ликот на Свети Никола во римската уметност и римокатоличката теологија
Ликот на Свети Никола во римската уметност и римокатоличката теологија

На основа на оваа детална анализа на скелетот, бројни реконструкции биле правени во текот на годините со намера да се открие како изгледал Свети Никола, или популарниот Дедо Мраз.

Најновата реконструкција е направена во декември 2014 година, од страна на експерти за судска медицина во Ливерпул.

Комерцијализиран лик на Свети Никола. Популарниот Дедо Мраз, го воведува Кока Кола
Комерцијализиран лик на Свети Никола. Популарниот Дедо Мраз, го воведува Кока Кола

Свети Никола беше владика во 4-ти век. Неговите мошти се наоѓаат во катедралата во Бари во Италија.

Светителот, почина во 343, како епископ на градот Мир. Градот, сега познат како Демре, се наоѓа на јужниот брег на Турција.

Приказ на Свети Никола од еден поинаков аспект
Приказ на Свети Никола од еден поинаков аспект

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Реконструкцијата на ликот на СВети Никола од научниците во Ливерпул
Реконструкцијата на ликот на СВети Никола од научниците во Ливерпул

Свети Никола бил роден е во Патара, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња.

Саркофагот на Свети Никола во Мира, Турција.
Саркофагот на Свети Никола во Мира, Турција.

Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните.

sn-3
Гробот на Свети Никола во Бари, Италија

Свети Никола бил погребан во Мала Азија, но 744 години подоцна некои морнари од Бари ги земале моштите на светецот од неговиот гроб во дворот на црквата во Мира и покрај негодувањата на тамошните православни монаси. Моштите биле пренесени во Бари на 9 мај 1087 година, каде се наоѓаат и ден денес. Постојат повеќе верзии за овој настан. Според некои кажувања одземањето на моштите било сметано како грабеж, според некои кажувања моштите биле земени откако Свети Никола се јавил на сон на некој свештеник од Бари и му наредил неговите мошти да бидат пренесени во Бари, Италија, кој во тоа време бил православен град под православен патријарх. Со текот на времето, делови од моштите биле разнесувани низ целиот свет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *