На остатоците од манастирот повторно одекна гласот на Литургијата

Date:

Share post:

Огромен број верници од цела Македонија беа на првата литургија во Долнодримколски Манастир, каде по 80 години беше отслужена Света Литургија. Литургијата ја отслужи епископот Партениј со монасите од Бигроската Обител, кои претходно го подготвија и теренот за да може да се служи.

-Божествената Литургија отслужена во Долнодримколскиот беше навистина како една песна на благодарност и славословие, подигната до небесата од нашите срца, заради тоа што нашиот Господ ги отвори небесните двери и ја излеа Својата благодат врз нас, дозволувајќи ни да се собереме во овој свештен храм, посветен на Светиот Архангел Гавриил, по цели осум десетлетија. Се радуваме за воскреснувањето на оваа Светиња, сведок на нашата историја и нашата душевна врска со Бога. Нека ова свето место, кое повторно оживува, биде наше прибежиште и извор на духовна сила. Нека ни служи како потсетник дека, со Божја милост, секоја разрушена душа може повторно да се обнови и секое срце, со вера и покајание, може да се наполни со Божествена светлина, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img