Исламските верници денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Празникот почнува во раните утрински часови, кога молитвата на оџата верниците ќе ја слушнат од минарето на џамиите. Тоа за нив е повик дека треба да се упатат во верскиот објект на утринската молитва која трае околу половина час. Екипата на Телевизија 24 денеска беше во Мустафа Пашината џамија која се наоѓа во близина на скопското кале. Дворот на џамијата беше претесен за големиот број на верници кои дојдоа на утринската молитва.
По молитвата во дворот излегоа муфтиите, а изјава даде тетовскиот муфтија, Реис Улема Шаќир Ефенди Фетаи. Тој им го честита празникот на сите верници кои денеска слават.
„Нашите празници според учењето на исламот имаат длабока смисла за зближување на луѓето, за меѓусебно почитување. Тие молејќи се на алах за мир, толеранција и сите добри дела да бидат присутни помеѓу нашите верници“, вели Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи.
Верниците си посакуваат пред се здравје, среќа и бериќет во домот и фамилијата, и што побрзо да завршат војните во светот.
„Мир и благосотојба да има во целиот свет. Без војни, но за жал овие денови тежок геноцид се случува во Газа, неможам да ја опишам ситуацијата, и затоа немаме многу емоции за Курбан Бајрам. “
Денешниот празник муслиманите го слават четири дена. Традиционално денеска се куле курбанот, односно жртвено животно најчесто овен овца бик или крава. Курбанот се купува со пари кои се спечалени со алал и се верува дека на тој начин ќе се простат гревовите на верниците. Месото од курбанот се дели на неколку дела, најчесто се дава на посиромашните граѓани кои не можат да си дозволат полуксузен оброк на овој празник. Дел од граѓаните со кои поразговаравме велат дека годинава многу се поскапаени курбаните.
„Поскапени се, од 300 до 400 евра се, а лани беа 200 или 250 евра. Една крава денеска да ја купиш е 1500 евра, навистина е поскапено. Ако си богат, ако имаш пари ти следува да заколиш курбан, да го дадеш на посиримашните. “
„Се купуваат овци, бик, некоја убава крава која нема белег. Тоа што е здраво тоа се коле. Бик или крава, или пед 50 -60 години кога било голема сиромаштија ќе заколат едно петле или една кокошка и толку. Сега се колат и бикови, крави и овни. Најубавиот бик е сега три илјади евра, и го дели на седум места. “
За време на Курбан Бајрам се посетуваат возрасните, односно помладите одаљт на гости кај постарите роднини, пријатели и соседи, каде традиционално се служи празничната баклава. Се верува дека се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.
/ТВ 24