Муслиманите го слават Курбан-бајрам

Date:

Share post:

Верниците од муслиманска вероисповед денеска го слават Курбан-бајрам, ден познат како празник на жртвата, зашто се принесува жртва – курбан.
За празникот се испраќаат пораки полни со солидарност, изрази на морална помош и пораки за што поскоро поминување на мачните и тешки денови. Бајрамот е исто така повод за да се потсети на сиромашните, децата без родители и на осамените.
Тоа, според познавачите на исламот, е должност на секој муслиман за Бајрам.
Курбан-бајрам се одбележува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го одбележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Се одбележува со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува неговата тридневна прослава, во која почитта кон Алах, муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Теолозите по исламски науки велат дека ова е еден од двата најголеми муслимански празници, кој трае седум дена и е таканаречен празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.
– Обичајот го изведуваат сите што имаат можност за тоа. Оние што принеле жртва потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите што отишле да ѝ се поклонат на Светата Ќаба во Мека – објаснуваат теолозите.
За Курбан-бајрам се посетуваат роднините и пријателите и се упатуваат честитки и добри желби за секој намерник.
Денешниот ден е неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед во Македонија.

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, им порача на верниците дека овој празник е празник на меѓусебна радост, зближување меѓу луѓето, грижа за сиромашните, подавање рака за помирување, насмевка едни со други, служење на другите, подготвеност за големо дело и свесност за триумф на доброто и вистината над злото.
– Имам посебна чест од името на Исламската верска заедница и од мое лично име до сите верници во земјата и нашите сонародници каде и да сѐ да им изразам срдечни честитки, молејќи се на Семоќниот Алах на овој благословен празник да ги прифати нашите курбани и нашите ибадети, да го зајакнеме мирот во светот, да го елиминираме злото меѓу луѓето, да издржиме разни предизвици и искушенија во животот, особено семејствата на жртвите на трагичната болест ковид-19 – порача поглаварот на ИВЗ.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...