Муфтијата Трнава има „рецепт“ за спречување на екстремизмот

Date:

Share post:

Претседателот на Исламската заедница на Косово (ИЗК) Наим Трнава изјави дека е неопходна меѓуинституционална координација за да се заштитат младите од насилниот екстремизм.

Naim Ternava Miftija KosovoВо интервју за весникот „Епока е ре“ тој додава дека ИЗК во континуитет е ангажирана во спречување на оваа појава. За борба против оваа негативна појава, според него, потребно е зајакнување на образовните институции на Исламската заедница на Косово, како што се медресата и Факултетот за исламски студии.

– Потребна е меѓуинституционална координација за заштита на младите од екстремизам. Потребна е поддршка и зајакнување на ИЗК и нејзините образовните институции, медересата и Факултетот за исламски студии, за да имаме поголем успех во оваа мисија, значи во спречувањето на екстремизмот и правилно воспитување на народот. Најдобро е да го спречиме екстремизмот отколку да се занимаваме со последиците кои ги носи, смета Трнава.

Според Трнава, во никој случај не треба да се дозволи верниците да паднат под влијание на верските интерпретации на луѓе без адреса.

– ИЗК во рамки на надлежностите и можностите кои ги има, во континуитет е ангажирана и работи нашите верници да не потпаднат на интерпретациите на верските предавања од некомпетентни луѓе, на мисионери кои припаѓаат на други струи, но се знае низ какви ситуации мина нашата земја, посебно по војната. Она што треба да се каже е дека од екстремизмот не е имуно ни едно општество, па и нашето. Наша обврска е нашите млади, нашите верници да не ги воспитува улицата и лицата без адреса, изјави Трнава.

Со целосна одговорност, како што вели, ИЗК тесно соработува со домашните и меѓународните институции во подготовката на стратегијата против насилниот екстремизам. Тој како неопходно прашање го напомнува усвојувањето на правниот статус на верските заедници на Косово.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...