МПЦ по 20 години повторно вареше Свето Миро

Date:

Share post:

Македонската православна црква по четврти пат во својата автокефална историја вареше Свето Миро.

Свечен чин на осветување на новото миро беше извршен денеска на Велики Четвртпк, од страна на црковните достоинственици на Македонска православна црква во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.  Варењето Свето Миро е еден од суштинските елеменити на црковниот жиовт. Тоа се прави на посебен начин и постапка која трае цели три дена.

Годинешново варење на миро почна на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици. Откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла и по што новосвареното миро беше излеано во алавастери. Потоа, тоа беше пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кадешто денеска, за време на Великочетврточната Василиева Литургија, архиепископот во сослужение на останатите архијереи,  го освети новото миро.

По повеќе од дваесетина години ова е ново варење на миро и вкупно четврто откако македонската црква е возобновена како автокефална во 1967 година.

Првото Свето Миро МПЦ го добила од Бугарската православна црква од Патријархот Кирил кој по прогласувањето на автокефалноста и подарил на МПЦ-ОА, 3 литри Свето Миро во 1967 година.

Осветеното миро е посебно масло со кое во црковните храмови се извршува светата тајна миропомазание по крштевањето и се осветуваат цркви и антиминси. Варењето ба свето миро е одлика на автокефални цркви иако тоа може да се добива и од други православни цркви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...