МПЦ-ОА отслужи 10 годишен помен за Митрополитот Кирил

Date:

Share post:

Во манастирот на св. великомаченик Георгиј во сесло Дељадровце, надлежниот митрополитот Кумановско-осоговски Григориј служел заупокоена Литургија, а потоа заедно со митрополитите Европски Пимен, Брегалнички Иларион и пензионираниот Јосиф извршиле панихида за починатиот Митрополит Полошко-кумановски г.Кирил.

Кирил, беше еден од основоположниците на автокефалноста на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископија, и потписник на Одлуката за прогласување на автокефалноста од 1967 година. Во 2002 година беше еден од најголемите противници на Нишкиот Договор. Беше архиереј со голем авторитет во Синодот.

Беше роден во Царев Двор, Преспа. Средно богословско училиште завршил во Призрен, а 1964 година се замонашил во манастирот Света Пречиста во Кичево. На 11 јули 1967 година во тогашниот соборен храм Свети Димитриј во Скопје, бил хиротонисан во чин викарен епископ со титула Тивериополски. За митрополит на Полошко-кумановската епархија бил назначен во 1987 година. Беше еден од основоположниците на прекуокеанските епархии на МПЦ.

1 COMMENT

  1. Вечна Слава во Царството Божјо! Се сеќавам на беседата на Блажениот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан при чинот на погребението на дедо Кирил. Таа огромна љубов што бликаше од неговото срце со која со солзи се проштеваше од својот долгогодишен сотрудник на нивата Господова и испраќаше поздрав до сите наши Отци и браќа во Црквата Која торжествува. Довидување во Рајот, дедо Кириле! Моли Го Бога за спасението на твојот народ! Денес и светот има потреба од нашите свети молитви. Ќе заплачеме во длабочините на своите срца како што правеше ти, зашто блаженството на другите го успокојува и нашиот дух, го умножува и нашето благоденствување како залог за вечното спасение на сите. Нека ти е вечен и светол споменот, Свет Владико! Ќе живееш во нашите срца како светол лач на едно време и како утеха за тоа нам познато и минато бреме, кое го менува обликот и ја открива својата смисла во великата тајна на Крстот во Кој заедничариме и се љубиме секогаш одново откривајќи Го својот Бог Создател и Седржител. Почивај во мир меѓу Праведниците!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Зелински одобри санкции за 11 новинари за ширење руска црковна пропаганда

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одобри одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за воведување санкции врз 11...

Патријархот Порфириј предводеше годишна панихида за жртвите од несреќата во Нови Сад

Во присуство на неколку илјади верници, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и високи државни...

Архиепископот Елпидофор: Технолошкото цунами нè повикува да ја зајакнеме Арката на спасението

На богословско-научна конференција во Бруклин, САД, посветена на темата „Дали божественото и дигиталното се пресекуваат?“, Архиепископот на Америка...

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...