МПЦ-Охридската Архиепископија имала посебна чест меѓу гостите на чествувањето на именденот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.
Меѓу гостите од останатите помесни православни цркви, какопретставник на Архиепископот Стефан беше, Митрополитото Јосиф, а со благослав на Митрополитот Тимотеј на чествувањето на именденот присуствувал и епископот Партениј со дел од монашкото братство и сестринство. Во дводневното чествување на именденот на Вартоломеј, посебно значајно место имал хорот „Митрополит Козма Пречистански“, придружувани од музичарите Петар Христов и Влатко Затаратоски, кои по Вечерната богослужба го збогатиле празничното торжество со неколку изведби на традиционални народни песни со православна содржина, за присутните гости во дворот на Манастирот Балаклија, каде традиционално се одбележува овој ден.
Патријаршискиот сајт, Фост Фанариу ја објави честитката што за именденот ја испратил Архиепископот Стефан, преку митрополитот Јосиф. Во нејзе Архиепископот Стефан пишува дека со нетрапение го очекува Томосот за автокефалност.
„Ваша Сесветост, Богат во смирението, дарежлив во љубовта, љубезен во срцето, брз во простувањето, праведен во дарувањето, во Христа почитуван Првопестолник на Светата Црква Константинополска и возљубен Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј.
Не криејќи ги и литургиски вкусувајќи ги плодовите на соборноста, ја прегрнуваме Вашата Светост и Ве поздравуваме од Богоспасителната Охридска Архиепископија. Смирен и најсакан Архиепископе и богољубив Патријарху на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченичко осветената престолнина Цариградска, дозволете ми во денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.
Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам да бидете мирен Патријарх на престолот на Вселенската Патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна Православна Црква. Секогаш срдечно молејќи се за Вашето здравје пред Престолот на неделивата Троица, ја целивам Вашата света десница.
Вашиот брат во Христа, Архиепископ Охридски и на Јустинијана Прва, Стефан, пишува Архиепископот Стефан во честитката.


А зашто не пише македонски???
Си играат со оган, томос веќе добија од СПЦ, добивање евентуален томос од Вселенската ќе значи губење на сите епархии надвор од Македонија и ракополагање нови свештеници од Вселенската, да не зборувам за кршење на канонското црковно право и формирањето на нов раскол внатре во МПЦ. Власта е против томосот од СПЦ, немаше ни еден претставник од власта во Охрид. Наместо да присуствува Пендаровски, тој дента кај Вартоломеј. Расколот само што се зацели, влегуваме во нов, но тоа е нивото од 1967 до денес па и во иднина. Без покајание нема напредок. Историјата се повторува едни за Фанар, едни за егзархијата а едни верни на патријаршијата