Потпишувањето на декретот за автокефалност на овоформираната Украинска православна црква не е црковна работа, туку политички чин и може да има има катастрофални последици за Украина, изјави шефот на Комитетот за меѓународните односи на Руската Федерација, Константин Косачов.
„Ова е нов чекор кон уништување на единството на Православието, а последиците ќе бидат катастрофални, првенствено за Украина и нејзиниот народ“ изјави Косачов за Тасс.
Тој смета дека на потег е Московската Патријаршија да го процени потегот на Васеленскта патријаршија и на Вартоломеј.
Косачов уште додал дека се работи за „неморално мешање на украинската држава во прашањата на црквата“.
/expres.mk

