Почетна Вести Европа Вартоломеј го потпиша Томосот за независноста на новата украинска црква
Вартоломеј го потпиша Томосот за независноста на новата украинска црква

Вартоломеј го потпиша Томосот за независноста на новата украинска црква

209
1

Вселенскиот патријарх Вартоломеј потпиша томос, односно документ за автокефалноста на православната Црква во Украина.

Во пресрет на потпишувањето на документот е одржана молитва на која, меѓу другите, присуствуваа поглаварот на таа црква митрополитот Епифаниј, претседателот на Украина Петро Порошенко, шефот на украинската дипломатија Павел Климкин и претседателот на парламентот Андреј Парубиј.

„Сакам да им се заблагодарам на милионите Украинци ширум светот кои одговорија на мојата желба да се молат да се воспостави црквата“, рече Порошенко на церемонијата придружена со свечено литургиско пеење, пренесе Ројтерс.

„Сакам да им се заблагодарам на генерациите Украинци кои сонуваа… и конечно Бог ни испрати православна црква на Украина“, изјави тој пред присутните во преполната црква.

По богослужбата, Вартоломеј во својата резиденција го прими претседателот на Украина и митрополитот Епифаниј, по што се вратиле во храмот Свети Георгиј каде е потпишан томосот.

По „соборот за обединување“, кој е одржан на 15 декември во Киев, објавено е создавањето на украинската автокефална црква, за чиј лидер е избран Епифаниј.

Руската православна црква процени дека тој собир во Киев е неважечки од канонска гледна точка и порача дека можноста за признавање на Епифаниј од страна на месните православни цркви е тешко изводлива задача.

/MKD.MK

Коментар(1)

  1. Za kakov raskol zboruvas ti? Nema raskol, samo Rusija i Srbija ne ja priznavaat avtokefalijata na Ukrainskata crkva! I nie koga ke dobieme tomos Srbite ke se zalat deka ke ima raskol. Tie teraat politika, a gi obvinuvaat drugite narodi i crkvi deka se etnofiletisticki.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *