Монашки хорови од МПЦ денеска ќе пеат во Солун

Date:

Share post:

На Осмиот меѓунроден хорски фестивал, што се одржува во Солун, Грција, вчера и денеска, од Македонија покрај камерниот хор „Мелодиум“ ќе настапат и монашки хорови.

За Солун вчера отпатуваа монашкиот хор на Бигорски манастир „Св. Јован Крстител“ и на монахинските хорови „Св.Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица и на манастирот Пречиста, кај Кичево. Нивниот настап закажан е за денеска. Древните црковни песни, со кои црнорисците од Бигорскиот манастир и манастирите Рајчица и Пречиста Го слават Бога, ќе прозвучат на црковнословенски јазик, во Солунската концертна сала, најреномираната музичка институција во северна Грција.

-Поканата за настап на хорот на Свештената Бигорска Обител, како и на сестринскиот хор од манастирите Рајчица и Пречиста на еден ваков реномиран фестивал, покажува дека грчкото општество се повеќе се отвора кон нашата МПЦ-ОА и препознава во неа жив и интензивен црковен, светотаински живот, со активно монаштво, редовна богослужбена пракса – од каде што, всушност, и произлегува искуството за изведбата на вакви богослужбени песнопенија, вели Архимандрит Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител.

Хорот на Бигорската Обител ќе испее стихира кон свети Јован Крстител од „Древниот стихирар“ (15 век), како и „Сè што дише да Го фали Господа“ и песната на Пресвета Богородица – „Достојно е “. Сестрите, пак, од Рајчица и Пречиста, во чест на заштитникот на Солун, свети Димитриј Мироточив, ќе го испеат неговиот тропар, а потоа ќе претстават композиција од најпознатиот црковен творец на песни, свети Јован Кукузел – „Господи, Твоето име е во веки“, како и омилената богородична песна на светогорските монаси, „Пресвета Владичице“.

-Настапот на нашите монашки хорови во Грција, пред публика од високо општествено качество, има исклучително значење, бидејќи освен практичниот музички дел, тој претставува и еден вид силна црковна мисија за промоција на нашата Црква и нејзината широка евангелска дејност. Ваквите настани, се разбира, даваат и можност за понатамошно продлабочување на меѓусебните врски, но и за стекнување на нови, кои во иднина би биле од голема полза за нашето меѓусебно зближување како два братски православни народа, завршува Архимандритот Партениј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...